05 Декември, 2025
0.2313

ДЕФЛАЦИЈА: Цените во пад – лоша или добра вест?

Објавено во: Финансии 17 Февруари, 2015 09:03

Добивај вести на Viber

Цените се намалуваат, а со нив и торшоците за живот. Трендот на негативна инфлација од лани се прелеа и годинава. Во јануари Заводот за статистика регистрираше пад на цените за 4,6% во однос на истиот месец лани. Најголем пораст на трошоците е регистриран кај домувањето. И граѓаните велат дека најголем дел од семејниот буџет завршува за комуналии и за храна. Дали дефлацијата ќе го покоси стопанството? Помали трошоци за храна, здравје, комуникации и транспорт, повисоки за алкохол, цигари, облека, домување. Првиот месец од 2015 та година почна со негативна стапка на инфлација. Според Заводот за статистика, во јануари во споредба со истиот месец лани, трошоците за живот се намалиле за 1,5% додека индексот на цени на мало во истиот анализиран период се намалил за 4,6%. Економистите велат дека ланскиот тренд на негативна инфлација продолжува и годинава. “Ланската 2014 та година во споредба со 2013 та година заврши со пад на трошоците на живот од -0,3%. Намалување од скоро еден процент имаше и кај цените на мало. Оваа состојба последне пат беше регистрирана во 2009 та година. Она што може да биде алармантоно е дали ќе продолжи овој негативен тренд, кој може да биде погубен за економијата. Треба да се следи што ќе случува во месеците што доаѓаат“, коментираат за “Фактор“ дел од економистите. Додека статистиката бележи се пониски трошоци на живот, граѓаните сметаат дека и натаму, најголемиот дел од семејниот буџет завршува за комуналии. “Мојата пензија, што ја земем од неодамна би рекол дека е пристојна според висината. Но и покрај тоа, таа стасува само за да се покријат сметките за струја, вода, храна. Не останува ништо, дури во овие зимски месеци не може да се покријат и месечните потреби“, вели пензионерот С.Христов. Раст на трошоците за живот е регистриран токму кај домувањето. Имено, според мерењата на Заводот за статистика, во јануари во споредба со истиот месец лани, кај снабдувањето со вода има раст од 2,2%, трошоците за смет се зголемиле за 3,3%, за електрична енергија трошоците пораснеле за 3,6%. Од друга страна, според статистикчките мерења, намалување на трошоците на живот има кај храната за 0,5%, мебел и покуќнина за 1,3%, здравје 2,8% и кај транспорт за 11,9%. Намалувањето на цените  би било добро за стандардот на граѓаните, но ударот од ваквиот тренд ќе биде штетен за вкупната економијата. Вака економистите ја оценуваат опасноста од дефлација. “Дефлацијата е штетна, би рекол дури и поштетна од инфлацијата. Доколку една економија се соочи со дефлација тоа би значело дека производството замира, трговијата забавува, а невработеноста ќе се зголемува. Европската Централна Банка и Јапонската Централна банка ги намалија основните каматни стапки се со цел да го поттикнат растот и трговијата. Овие потези покажуваат дека светските, европските економии веќе се соочуваат со опасноста од дефлација“ – изјави неодмана за “Фактор“ универзитетскиот професор и еден од поранешните гувернери на НБРМ Љубе Трпевски. Пад на цените – ЕУ го вклучи алармот... Дефлацијата останува проблем број еден за Европаската Унија. Откако лани беше намалена оснвната камата, ефектот не се постигна.  Дефлацијата оваа година ќе погоди осум земји во светот, од кои сите се во Европа, оценува американската новинска агеницја Блумберг. Дефлацијата во изминатата година им се закани на бројни земји, а таа закана никаде не била поголема во споредба со европските држави „гладни“ за економски раст, наведува агенцијата. До пред само неколку недели, економистите кои учествуваа во анкетата на Блумберг веруваа дека 2015 година ќе биде прва година од 2008 во која ниту една земја нема да забележи годишна дефлација. Меѓутоа, после месец одбележан со понатамошен колапс на цените на нафтата, победата на Сириза на изборите во Грција и разочарувачките податоци за цените во европската монетарна унија, економистите се песимистични. Во шест од осум земји во кои се очекува дефлација, Бугарија, Хрватска, Грција, Полска, Шпанија и Шведска, цените се во пад од половината на минатата година. Уште две земји во кои цените ќе паднат се Италија и Швајцарија. Во Белгија, Естонија, Германија и на Тајланд не се очекува дефлација на квартално и годишно ниво, иако и тие земји во јануари забележале пад на цените. Швајцарија ќе ја пристигне Бугарија и ќе стане земја со највисок пад на цените, пишува Блумберг. Големиот извозник на часовници и фармацевтски производи веќе ќе се бори со нултниот раст на цените, а инфлацијата минатата година во Швајцарија изнесуваше само 0,2 одсто. Швајцарската централна банка во јануари ги изненади пазарите укинувајќи го тригодишното ограничување на вредноста на франакот, што според извештајот на Дојче банка, би можело да доведе до пад на цените од дури 1,5 одсто во 2015. Според проценката на Блумберг за Италија и еврозоната во целина, дефлацијата ќе биде само привремена категорија, а не долгорочен проблем. Во Италија цените во првиот овогодишен квартал ќе паднат 0,1 одсто, а во еврозоната 0,2 одсто, но до крајот на годината се очекува нивен раст. Европската комисија, од друга страна, смета дека Италија и еврозоната ќе забележат дефлација во 2015. Во опасност од дефлација и САД, најголемата светска економија, за која „Банката на Америка Мерил Линч“ прогнозира пад на цените од 0,5 одсто во 2015 иако бројни експерти, вклучувајќи ги економистите кои учествувале во анкетата на Блумберг, веруваат дека САД ќе се избори со дефлацијата. А.Д.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката