19 Декември, 2025
0.0489

Дел од гласачите во Белгија и Австрија не се најдоа на изборниот список

Објавено во: Македонија 10 Декември, 2016 14:53

Добивај вести на Viber

Дел од гласачите кои се пријавиле во Брисел денес не успеале да го остварат своето право на глас бидејќи ги нема во избирачкиот список. 

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, најголемиот број, досега официјално 75-мина, од тие кои денеска не можеа да го остварат своето бирачко право во европската престолнина се Македонци од ромска националност.

Ќамуран Сејди, жител на белгискиот град Бон кој се одважи да говори, вели дека целото негово семејство, кое уредно го пријавил претходно во ДИК, не било на списокот и не успеале да го остварат своето избирачко право. Најчудно на овие македонски граѓани им е тоа што иако идентично се пријавувале преку интернет, сепак дел од припадниците на нивните семејства ги имало на списокот, а најголем дел – не.

– Главен проблем е што не сум само јас и моето семејство, туку голем број на други мои пријатели, познаници и роднини, кои на овој ден го напуштиле свое работно место, само за да гласаат, а ги нема на списоците. Според моите проценки, над 100 лица, поточно 125-мина, најголемиот дел припадници на македонската ромска заедница во Белгија, се вратени од страна на изборната комисија на избирачкото место, бидејќи едноставно ги нема на избирачкиот список. Преклани, на парламентарните избори сите гласавме уредно и бевме присутни на избирачкиот список, а сега, не знам, како, но волшебно исчезнавме и не можеме да си го оствариме своето право како граѓани на Република Македонија- изјави Сејди.

Од избирачкиот одбор на Државната изборна комисија во Брисел, за МИА истакнаа дека вкупно 284 лица се запишани и ќе имаат право денеска да гласаат во Брисел, од кои до 12 часот тоа свое право го оствариле 50 лица. Оттаму информираат дека над 90 проценти од приајвените гласачи тоа го сториле електронски, преку интернет, па велат дека оние што денеска ги нема на списокот, најверојатно немале успешно интернет-пријавување.

Приговори за ичезнување од списоците за гласање има и од македонските граѓани во Австрија, при што најмалку 50 лица, иако тврдат дека уредно се пријавиле преку Македонската амбасада во Виена, сепак денеска не успеале да гласаат, бидејќи ги немало на списоците.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината