Добивај вести на Viber
Белгискиот малопродажен ланец Делез објави дека постигнал договор со компанијата Експо комерц за продажба на 25 продавници во форма на Макси, Мини Макси и Темпо во Црна Гора.
Експо комерц, како дистрибутер на најголемите брендови за широка потрошувачка , со Делез ќе работат под договор за франшиза и ќе ги задржат Макси, Мини Макси и Темпо како имиња на продавниците.
Во 2012 година тие продавници во Црна Гора оствариле вкупно околу 50 милиони евра приход.
Се очекува трансакцијата да биде завршена во четвртиот квартал од 2013 година, што зависи од добивање на потребните дозволи, како и постигнување на посебните услови околу трансакцијата и прилагодување на обртниот капитал. Американската банка Мерил Линч беше ексклузивен советник на Делез за оваа трансакција. Делез групата работи во девет земји на три континенти, меѓу кои и Србија.