Демири: Не сум виновен, притисоците врз Левица продолжуваат
Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2017 18:27
Мариглен Демири пред судот се изјасни за невин откако му беше прочитано обвиниението за демолирање на народната канцеларија на претседателот Иванов и за други поврзани дела.
Според обвинението Демири се наведува дека кршел и фрлал предмети и заедно со толпа граѓани на 13 април ја оштетиле народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, за време на протестите против аболицијата на 56 функционери и нивни соработници.
Според проценките направени од вештачењето, државата од Демири бара оштета од 522.000 денари, односно околу 8.500 евра.
На денешното рочиште дојде и претставник од Канцеларијата на Иванов, а бидејќи адвокатот на Демири, Сашо Дуковски, побара да се провери полномоштвото што тој го доставил до судот, судењето се одложи за 14 март. Дуковски рече и дека вештачењето е направено на незаконски начин.
Левица, најавувајќи го денешното рочиште на судењето против Мариглен Демири порача дека постојаните притисоци нема да ја скршат.
„Протестите одамна завршија, но судскиот прогон против истакнати членови на Левица продолжува. Покрај Мариглен Демири, судски процес за учество на протестите се води и против нашите членови Здравко Савески и Владимир Куновски. Левица претставува трн в око за многумина. Се применуваат различни методи за да се спречи нејзиниот пораст, посуптилни и помалку суптилни. Помеѓу тие методи е и поведувањето судски процеси против членови на Левица и нивно одолжување до недоглед. Но ние порачуваме: нема да потклекнеме, нема да нè скршите! Нашето време доаѓа“, порача Левица.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




