Демолиран уште еден штаб на СДСМ
Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2017
Штаб на СДСМ во населбата Карпош во Битола вчера е демолиран.
Искршени се прозорците, а демолиран е и инвентарот во просторијата.
Битолската полиција направила увид на местото и презема мерки за откривање на сторителите.
„Ваквите инциденти не можат да ги спречат демократските промени што носат живот за сите во Македонија“- порачаа од СДСМ.
Штабови на партијата деновиве беа демолирани во Скопје, Куманово, и Прилеп.