19 Декември, 2025
0.0461

ДЕН Д ЗА МАКЕДОНИЈА: Ќе има уставни измени или вонредни избори-прашање е сега!

Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2018 06:35

Добивај вести на Viber

По еднодневната пауза пратениците се враќаат во собраниските клупи.

Во текот на тридневната пауза пратениците на власта и опозицијата ги задржаа целосно спротивставените ставови, а расправата за уставните измени продолжува денес, кога се очекува и гласањето.

Паузата од еден ден во работата на парламентот е протолкувана во дел од медиумите како време земено за последен обид власта и опозицијата да дојдат до некој договор кој би го обезбедил неопходното 2/3 мнозинство од вкупно 120 пратеници.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ јасно стави до знаење дека не само на парламентот, туку и на американските претставници дека Преспанскиот договор за нив е мртов, и дека пратениците на таа партија ќе гласаат против.

Според информациите од Собранието, за уставните промени, најверојатно ќе се гласа на денешната седница.

Во Брисел пак, како што е најавено, и покрај се, ќе почнат официјални преговори за пристапување на Македонија во НАТО.

Од Владата најавија дека ќе почнат со изработка на уставни амандмани, по одлучување во парламентот, и дека е најдобро тоа да го направат заедно со опозицијата.

Тоа го најави владиниот портпарол за новинари.

Меѓутоа, ВМРО ДПМНЕ одлучи да ја напушти расправата и им сугерира на партиите во власта да прекинат, според нивно мислење, со бесмислена расправа, така што уставните амандмани ќе се стават на гласање.

Парламентот расправата ќе ја продолжи на пладне.

Доколку уставните амандмани не добијат двотретинско мнозинство, од владата најавија брзи предвремени парламентарни избори, што значи дека тие би биле одржани во рок од најмалку 45 до најдолго 60 дена.

И ВМРО ДПМНЕ смета дека изборите се единствено решение, но согласно со изменето изборно законодавство а тоа би значело да се формира техничка влада која би имала нов премиер и нови министри од владеачката коалиција во ресорот полиција, социјални работи, земјоделство и неколку министри од опозицијата.

Тие, велат, би требало да го подготват одржувањето на избори во рок од 100 дена. Двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, судејќи според претходни изјави се убедени во победа.


И.С.

Можеби ќе ве интересира

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК