Ден на Мајкрософт посветен на НВО секторот: „Бидете иницијатор на промени“
Објавено во: Мои пари 20 Март, 2014 17:46
Повеќе од 100 организации беа запознаени со програмите на Мајкрософт за донирање на софтвер, како и програмата YouthSpark за поддршка на младите во создавање и искористување на можности.
„Мајкрософт во фискалната 2013 година донираше софтвер со реална пазарна вредност од 795 милиони долари на повеќе од 70.000 непрофитни организации во светот, а Мајкрософт Македонија во фискалната 2013 донираше софтвер вреден повеќе од 320 илјади долари (над 600 лиценци). Секоја организација која сака да аплицира за донација на софтвер може да ме контактираат на мојата имејл адреса a-vademi@microsoft.com со цел да добие повеќе информации“, посочи Влора Адеми, програмски менаџер за образование во Мајкрософт Македонија и Косово.
YoutSpark програмата како глобална иницијатива е активна од минатата година, а има за цел да создаде можности за 300 милиони млади во наредните три години. Оваа програма преку грантови за организации кои со својата мисија и активности го поддржуваат развојот на младите во првата година од своето постоење има создадено можности за повеќе од 103 милиони млади луѓе во повеќе од 100 држави низ светот.
Можеби ќе ве интересира
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција




