05 Декември, 2025
0.0701

Денационализацијата ќе нè чини уште 30 милиони евра, Министерството за финансии ќе издава нови обврзници

Објавено во: Финансии 19 Јуни, 2013 07:48

Добивај вести на Viber

Минатата година министерот за финансии Зоран Ставрески  јавно го затвори процесот на денационализација со податокот дека во првосилна постапка биле решени вкупно 30.744 барања, а дека околу 3.000 решенија биле во жалбена постапка. Сега Министерството за финансии преку измени на Законот за издавање на обврзници објавува дека денационализацијата всушност не е целосно завршена и за неа ќе треба да плаќаме до 2025 година. Новите податоци покажуваат дека од 2000 до 2007 година, вкупно биле поднесени 30.744 барања за денационализација, но од нив правосилни се само 25.957 предмети. Останатите 4.787 предмети се вратени во повторна постапка. За нив, откако ќе станат правосилни, Министерството за финансии ќе издава дополнително две нови емисии на обврзници во вкупна вредност од 30 милиони евра. „Донесувањето на Законот за изменување на Законот за издавање на обврзници за денационализација е со цел зголемување на бројот на емисии на обврзници за денационализација од дванаесет на четиринаесет, како би можело да се опфатат предметите за денационализација по кои се одлучува во повторна постапка, а за кои е потребно дополнително издавање на обврзници. Исплатата на обврзниците ќе се врши започнувајќи од 2015 година во наредните десет години“, пишува во предлог законот за издавање обврзници доставен до Собранието. Почнувајќи од 2001 година, државата еднаш годишно издаваше по една емисија обврзници за денационализација. Дванаесетата, која беше најавувана како последна емисија на обврзници беше издадена пред само еден месец во вредност од 13 милиони евра. Истата државата ќе ја плаќа до 2023 година а заклучно со неа, обештетени се околу половина милион граѓани вклучени во процесот, кои за својот одземен имот пред 60 години, во имот или преку вредносни хартии добија околу 300 милиони евра. Според статистиката на првостепените комисии за денационализација, најголем дел од предметите, односно над 15.000 се решени во периодот 2007-2012 година. Со законски измени државата си дозволи наместо да врати земјиште, да плаќа надомест Законот за денационализација почна да се спроведува во мај 2000 година, но решавањето на предметите не одеше глатко. Илјадници предмети беа заглавени затоа што поради големиот период од одземањето на имотот не можеа лесно да обезбедат веродостојна документација. Дури и кај Народниот правобранител, најголемиот број претставки се однесуваа токму на постапката за денационализација. Во меѓувреме, Владата го смени законот за денационализација и овозможи наместо да врати земјиште, доколку оцени дека на зејиштето може да се градат добра од општ инетерес, да врати пари. Па така, на голем број граѓани наместо да им бидат вратени згради, куќи или земјиште, добија обврзници од државата. С.Н

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката