05 Декември, 2025
0.0326

ДЕНАРИТЕ „ЗАВЛАДЕАЈА“ СО МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ, ГРАЃАНИТЕ ИМ ВЕРУВААТ - сакаат така да остане и во иднина

Објавено во: Финансии 22 Мај, 2025 07:16

Добивај вести на Viber

Сега вреди да се штеди. Ова можеби е дел од рекламните слогани на некои од банките во земјава, но граѓаните и го докажуваат тоа, одлучувајќи и во април, по кој знае кој пат, да му дадат доверба на домашниот банкарски систем, и токму во него да ги депонираат своите слободни парични средства.

И не само тоа.

Граѓаните одлучуваат се повеќе да му даваат на значење на денарот, домашната валута, во кој многу повеќе ги чуваат своите слобнодни средства, наспроти странската валута.

Токму тоа е заслуга на Народната банка, нешто што граѓаните очекуваат така да остане и во иднина.

Да видиме колку пари се чувале на крајот на април во домашните банки.

Вкупно и граѓаните и компаниите држеле во домашниот банкарски сектор сума од 9,77 милијарди евра. Нешто што сериозно се доближува до границата од 10 милијарди евра, што им дава за право на банките да бидат и повеќе од комотни, и само да се грижат како правилно, безбедно и одговорно потоа да ги инвестираат тие пари.

Во однос на еден месец претходно вкупните депозити се зголемени за безмалку 38 милиони евра, а во однос на крајот на претходната година, зголемувањето е за околу девет милиони.

Што се случува со депозитите на домаќинствата. Тие имаат фантастичен раст, достигнувајќи на крајот на април годинава сума од 6,64 милијарди евра. Тоа значи дека само за еден месец граѓаните вложиле во банките нови депозити од 132,5 милиони евра, што е споредба направена со крајот на март, додека, пак, за четири месеци, односно споредено со крајот на 2024 година, депозитите се зголемени за 190,6 милиони евра.

Доаѓаме до тоа колку населението се повеќе му верува на денарот. Имено, депозитите во денари веќе извесен период се повисоки од оние кои се чуваат во странска валута, главно во евра, така што сега се на ниво од 3,6 милијарди евра, наспроти 3 милијарди евра колку што се чуваат граѓански заштеди во странска валута.

Најголем е и растот кај штедните влогови во денари, па така, за еден месец тие и се зголемиле за 139,5 милиони евра, наспроти влоговите во странска валута, кои во однос на март дури и се намалиле за 7 милиони евра.

Во однос на декември лани кај денарите има раст од 171 милиони евра, а кај странската валута за 19,5 милиони.

„Вкупните депозити во април се зголемени за 0,4 отсто на месечна основа, во целост како резултат на растот на депозитите на секторот „домаќинства“, додека депозитите на корпоративниот сектор забележаа намалување. Годишниот раст на вкупните депозити изнесува 11,6 отсто, што се должи на зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот „домаќинства“, се вели во соопшптението од централната банка.  

Од НБМ уште прецизираат и дека вкупните депозити на домаќинствата во април оствариле месечно зголемување од 2 отсто, во најголем дел поради растот на депозитните пари, при дополнителен раст и на долгорочните и краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во странска валута, во услови на пад на краткорочните депозити во странска валута.

„Годишниот раст од 12,1 отсто се должи на повисоките депозитни пари, долгорочните депозити во денари и во странска валута и краткорочните депозити во денари, додека краткорочните депозити во странска валута бележат намалување“, се вели во образложението од монетарните власти.

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката