Денeс задолжување, утре раздолжување, решение или краткорочен излез од беспарицата!
Објавено во: Финансии 05 Февруари, 2013 07:41
Ако пак се анализира структурата на вкупното внатрешно задолжување – бројките укажуваат дека дека има намалување на трошоците за отплата на Обврзницата за приватизација на Стопанска Банка, се намалува и ратата за отплаќање на Обврзницата за денационализација, додека Обврзницата за санација на Стопанска Банка и Обврзницата за Старо Девизно штедење се целосно исплатени. Трендот на пораст на внатрешното задолжување во најголем дел отпаѓа токму на директните владини задолжувања преку продажба на записи.
Задолжувањето преку државни хартии од вредност лани беше еден од клучните извори за финасирање на тековните буџетски трошења.
Токму внтрешното задолжување придонесе за пораст на вкупниот Јавен долг на Централната Влада, кој во декември достигна 32,1% од Бруто Домашниот Производ. Оваа стапка на јавен долг е една од највисоките што е измерена во последните шест години.
Иако и со стапка на задолженост од 32,1 отсто, Македонија останува во групата на средно задолжени земји, експертската јавност предупреди дека проблематични остануваат две прашања: по која цена се задолжува економијата и каде завршуваат парите од кредитите.
Со објавување на јануарските податоци, на страната на надворешниот долг треба да се прокнижи “намалување“ што ќе биде резултат на раздолжувањето на Еврообврзницата од 175 милиони евра. Но наскоро, исто така на страната на надворешниот долг ќе треба да се ефектуира новиот кредит од 250 милиони евра од Светска Банка и од Дојче Банк. Токму трошењата на државата и новото задолжување од 250 милиони евра беа причините за ескалација на состојбата во Собранието, кога на 24 декември, при усвојување на новиот Буџет за 2013 та година, опозицијата беше исфрлена од собраниската сала, а владеачкото мнозинство за 20 тина минути го усвои новиот Буџет, а со него во пакет и планот за финасирање на буџетскиот минус во државната каса.
А.Д.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката
ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“





