СИТНИ АКЦИОНЕРИ ПРОДАВААТ, ШВАЈЦАРСКИ „ДУФЕРКО“ КУПУВА - големиот странски сопственик ги зајакнува позициите во „Макстил“

Објавено во: Економија 19 Јули, 2024 08:20
Компанијата „Дуферко“ од Лугано, Швајцарија, се повеќе се „бетонира“ во нашата успешна челичарска компанија, „Макстил“. Нема, нема, а „Макстил“ ќе објави дека нивниот доминантен сопственик „Дуферко“ купил одредена количина акции од тоа друштво, правејќи го нивниот пакет се поголем и поголем.
Во моментов сопственичкиот пакет на „Дуферко“ во „Макстил“ е 83,48 проценти од капиталот на компанијата.
Челичарскиот гигант денеска извести за нова ценовно чувствителна информација, а таа е дека вчера настанала промена во сопственоста на акциите со право на глас.
„Имено, Duferco Skop SA, како мнозински акционер ја зголеми сопственоста и се стекна со 9.000 акции, со што во моментов поседува вкупно 83,48 отсто од главнината на акции со право на глас на Макстил АД Скопје“, се вели во берзанската објава.
Ако се погледне графиконот на „Макстил“ на Берзата, може да се види дека овие 9.000 акции биле купени на 15 овој месец, по цена од 136 денари за акција, што значи дека за нив биле платени околу 20 илјади евра.
Неодамна компанијата преку ценовно чувствителна информација ја извести инвеститорската јавност дека купила нови 35.592 акции, со што тогаш достигна до 83,42 отсто од капиталот.
И тоа не беше прв пат Дуферрко, кој од поодамна има околу 80 отсто од капиталот, да докупува помали акционерски количини и да го засилува својот пакет, за сега да достигне и до 83,48 проценти.
А кој продава?
Согласно најновата состојба на Централниот депозитар за хартии од вредност, покрај Дуферко, во Макстил има и други поситни акционери, главно домашни физички и правни лица. Практично, тие сега продаваат, а „Макстил“ купува.
Ако претходно пишувавме дека бројот на физички лица сопственици на акциите на „Макстил“ е 5.034, а тој сега е намален на 5.027 лица, значи дека седум поранешни вработени ги продале своите акции, што е поволно за нив, но и за доминантниот акционер, кој така го засилува својот акционерски капитал.
Исто така, ако порано сме пишувале дека акции имаат и 40 домашни правни лица, односно фирми, чии пакет бил 0,68 проценти, сега тие се сведени на 39 фирми, со пакет од 0,46 проценти. Тоа значи дека во меѓувреме акции продала и некоја домашна мала компанија, иако станува збор за многу ситна количина, но и мали суми на пари.
Во компанијата има и релативно мал процент на странски акционери.
Всушност, „Макстил“ има издадено 14.622.943 акции, а нивната цена на берзата во последниов период се движи меѓу околу 130 и 145 денари за акција.
Тргување има постојано, но кога во еден ден ќе се продадат огромни количини, секогаш излегува дека купувач е доминантниот адкционер, швајцарски „Дуферко“.
„Макстил“ во последниве години работи прилично успешно, а тоа беше и причината што плати висока сума на солидарен данок.
Н.Н.Ф.Можеби ќе ве интересира
МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ДОГОВОРОТ СО СТАРМЕР Е ИСТОРИСКИ: Ќе овозможи инвестициски циклус во вредност од околу шест милијарди евра

ГАСНО ПОВРЗУВАЊЕ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И СРБИЈА: Вучиќ вели дека на самитот се разговарало за инфрастуктурни проекти

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 89 евра за мегават час, на МЕМО 92,88 евра за мегават час
ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА В ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ГО ПРЕДЛОЖИ КАНДИДАТОТ ЗА ГУВЕРНЕР: Што доколку во рокот не се избере прв човек на Народната банка?

БОЛИ ГЛАВА: Новиот функционер Богојески има криптовалути од над милион евра

НАБРЗО ЌЕ СЕ ДОЗНАЕ КАКО ЌЕ СЕ ГРАДИ ЧЕБРЕН: Божиноска вели при крај се со пресметките

Фактор анализа КОЧАНИ – ВИНИЦА 2024: Виница прави најголем алаш-вериш во Источна Македонија! Кои се најголемите во Виница и Кочани?
„СО МАКЕДОНСКА ПЛАТА, МОЖЕЛО ДА СЕ КУПИ ПРОСЕЧНО 4 ПАТИ ПОМАЛКУ ГАС ОТКОЛКУ СО УНГАРСКАТА“: Професорот Трајковски потсетува на неуспехот како држава

ПРАВИЛОТО „78 ОТСТО“ И ВО ЕСМ? Платата на директорите и до 2.500 евра
