ДОБИ ПРИЛИЧНО СОЛИДНИ ПАРИ, НО ПРАШАЊЕТО Е ЗОШТО ПРОДАВА - “Настел“ се сведе на 9,1 отсто акции во „Реплек“

Објавено во: Економија 19 Јули, 2024 11:06
Што се случува со компанијата „Настел“ на бизнисменот Зоран Азманов. Ако порано упорно купуваше и стекна сериозен пакет акции во „Реплек“, сега упорно продава од своето портфолио во фармацевтската компанија.
Ова акционерско друштво вчера извести за нови промени во својата сопственичка структура, а од кои најважна е таа дека „Настел“ повторно продава акции. Ако тоа се случи пред неколку дена, со што компанијата стигна до пакет од 9,36 отсто, сега се продадоа нови акции, со што портфолиото на Настел дополнително се намали, на 9,1 отсто.
„Известуваме за следната ценовно чувствителна информација. Акционер со над 5 отсто односно компанијата Настел ДООЕЛ продаде 682 акции, со што поседува вкупно 23.588 или 9,10 отсто од вкупниот број на акции“, се вели во објавата на компанијата.
Според датумите на тргување, се претпоставува дека акциите се продадени по цена од 15.894 денари за акција, што значи дека „Настел“ за оваа количина инкасирале над 176 илјади евра.
Оттаму известија и за една друга промена, а таа е дека еден од акционерите, Владимир Пецовски, се стекнал со 1 нова акција, со што поседува вкупно 16.401 или 6,33 отсто од вкупниот број на акции.
Пред неколку дена компанијата „Настел“ продаде мала количина акции, односно само пет акции, но треба да се има предвид дека продажбата се случила пред поделбата на акциите, кога тие имаа многу поголема вредност, бидејќи таканаречерниот сплит се изврши на сооднос 1:10, односно една акција беше поделена на 10 помали, во истиот сооднос.
Фармацевтската компанија „Реплек“, откако оттаму излезе семејството Туџарови, има прилично интересна и разиграна сопственичка структура.
Најголем поединечен акционер е Душан Пецоски, кој и раководи со компанијата, и кој поседува 12,19 отсто од акционерскиот капитал. Неговиот брат Владимир Пецоски, пак, располага со капитал од 6,33 отсто.
Градежната компанија „Настел“ на Зоран Азманов располагаше со 9,1 отсто од капиталот, а по продажбата со 9,36 отсто од капиталот.
Самото АД „Реплек“, пак, како сопствени акции држи 8,14 отсто од акциите.
Пензискиот фонд „Сава“ поседува 6,4 проценти од капиталот, а сличен процент од 6,37 отсто има фирмата „Ситко Антонио“.
Еден од поновите акционери, лабораторијата „Биотек“, засега се задржува на процентот кој го откупи своевремено, односно 6,3 отсто од капиталот.
Има и неколку поситни акционери во компанијата, главно домашни физички и правни лица.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
РАНГИРАЊЕ НА АМЕРИКАНСКО СПИСАНИЕ: Македонија позиционирана пред три скандинавски држави како добра дестинација за пензионери

БРИКС ИМА НОВА ЗЕМЈА ПАРТНЕР: Што ќе се смени во блокот?

ОВИЕ ЗЕМЈИ ЕКОНОМСКИ ЌЕ ВЛАДЕАТ СО СВЕТОТ ДО 2039 ГОДИНА: На листата има и изненадувања

Ова се 5-те најдобри курсеви по кои можете брзо да се вработите и добро да заработите

ПЛАТАТА НЕ Е ПРОБЛЕМ: Сепак дури 70 проценти од словенечките работници размислуваат за промена на работното место

НЕ БАРААТ СИРОМАШНИ: „Златната виза“ на Трамп е пат до државјанство за 5 милиони долари

НА НАЈНИСКО НИВО ЗА ТРИ ГОДИНИ: Зошто „тоне“ вредноста на доларот?

ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРEСЕЧЕ: Нема повеќе стимулации за вработување имигранти
