16 Декември, 2025
0.2505

Денеска почнува 17 Литературна манифестација „Илинден 2016“

Објавено во: Мои пари 16 Мај, 2016 13:40

Добивај вести на Viber

Општина Илинден во насока на промовирање на современите културни достигнувања, од 16 до 21 мај 2016 година, во Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден, ќе ја организира 17-та Литературна манифестација „Илинден 2016“.

bbbbb

Свеченото отворање на манифестацијата ќе се одржи на 16 мај, со почеток во 19:00 часот, а централниот настан - Поетски митинг „Стихови за душата“ ќе се случи на 20 мај, со почеток во 19:00 часот, со настап на дваесет и пет писатели од Македонија и од балканските држави.

Во рамките на манифестацијата во Домот на култура „Илинден“ од 16 до 20 мај ќе се одржи саем на книгата под мотото „Денови на книгата“, каде што љубителите на пишанот збор ќе можат да најдат богат избор на книги и да се запознаат со најновите изданија.

„Традиционалната манифестација, покрај другото, ќе биде збогатена секој ден со промоции на книги од повеќемина автори. Ќе биде промовирана антологија на македонската поезија за деца „Сончево огледало“ од Раде Силјан, романот „Мемоарите на една млечка“ на Блаже Миневски, промоција на македонското издание на поетската книга „Сончев појас - осамени стихови“, на поетот од Република Бугарија, Владимир Луков, како и повеќе промоции на книги од млади автори. Во рамките на манифестацијата ќе бидат одбележани и Осумдесет години од раѓањето на современите македонски писатели Оливера Николова, Иван Чаповски и Михаил Ренџов кои што оставија неизбришлива трага во македонската литература. Како дел од Литературната манифестација „Илинден 2016“ ќе се одржат повеќе литературни средби, а присутните ќе имаат можност да ја проследат и изложбата на доајенот на македонската ликовна уметност, академик Васко Ташковски. Неодминлив дел и од годинешната 17-та по ред Литературна манифестација ќе биде традиционалното Литературно матине за деца, на кое ќе настапат повеќемина  писатели за деца и млади, а своја платформа за афирмација ќе имаат и младите неафирмирани поети,“ изјави покровителот на манифестацијата, м-р Жика Стојановски, градоначалник на Општина Илинден, кој додаде: Општина Илинден ги поканува сите љубители на пишаниот збор да ја посетат 17-та Литературна манифестација „Илинден 2016“ и да присуствуваат на бројните културни настани.

cccccc

„Најпрво би ја поздравил иницијативата на Општина Илинден, бидејќи 17 Литературна Манифестација Илинден 2016 има богата програма распоредена во 5 дена. Годинава имаме 25 писатели од Македонија и од балканските држави, бројка која што навистина е голем и тие ќе бидат дел од Поетскиот митинг „Стихови за душата“ кој ќе се одржи во петок од 19:00 часот. Во среда пак од 19:00 часот ја промовирам антологијата на македонската поезија за деца „Сончево огледало“, изјави Раде Силјан.

Манифестацијата ќе се случуваат во Домот на култура „Илинден“. Секој ден од паркингот пред хотелот „Холидеј Ин“, во центарот на Скопје, во 18:00 часот ќе поаѓа автобус број „63“ кој ќе ги превезува посетителите на Манифестацијата до Општина Илинден и ќе ги враќа кога ќе заврши вечерниот настан, што почнува во 19 часот. Влезот за сите културни настани е слободен.

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“