19 Декември, 2025
0.1536

Денеска се одбележува Светскиот ден против пушењето

Објавено во: Мои пари 30 Мај, 2014 12:00

Добивај вести на Viber

Под мотото „Зголемете ги даноците,намалете ги смртните случаи“  Македонија ќе го одбележи светскиот ден против пушењето.

Денеска Министерството за здравство, Светската здравствена организација, Институтот за социјална медицина при Медицински факултет во Скопје организираат стручен состанок за промовирање на Светскиот ден против пушењето година и презентација на главните резултати од студијата за употребата на тутунот и тутунските прозводи кај здравствените работници во нашата земја.

Факт е дека донесувањето на закони за контрола на пушењето спасува животи и го подобрува здравјето во целиот регион на Европа, со што се побиваат критиките против овие закони.

Светскиот ден против пушењето се одбележува на 31-ви мај.Целта на овој ден е да се поттикне 24-часовен период на апстиненција од сите форми на употреба на тутун во целиот свет и да го привлече светското внимание кон глобалната употреба на тутун и негативните здравствени ефекти на тутунските производи, кои во 2013 година доведоа до околу 5,4 милиони смртни случаи низ целиот свет.

 Светската здравствена организација (СЗО) секоја година одредува тема со цел да се создаде унифицирана глобална порака за Денот за борбата против пушењето. За 2014 година темата е повик до сите земји да ги зголемат даноците за цигарите, а истражувањата покажале дека повисоките даноци се особено ефективни во намалување на употребата на тутун и ги спречува младите да почнуваат да пушат

Можеби ќе ве интересира

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок