„Денови на инсталатери“ дел од бизнис портфолиото на Vaillant Македонија
Објавено во: Мои пари 19 Мај, 2025 15:27
Со особена гордост го споделуваме настанот „Денови на инсталатери“, кој се одржа на 24 април 2025 година, во прекрасниот амбиент на Хотел Изгрев, и обедини повеќе од 120 соработници и професионалци од индустријата за греење, ладење и инсталациска техника.
Настанот беше организиран од Vaillant, во соработка со врвните брендови HERZ и Grundfos, и претставуваше уникатна можност за размена на знаење, искуства и визии за иднината на инсталатерските технологии. Присутните имаа можност да присуствуваат на едукативни и инспиративни презентации, директни дискусии со експерти и да се вмрежуваат со водечките имиња од оваа стручна заедница.

Vaillant- Vaillant.mk
Vaillant е водечки европски производител и бренд кој нуди енергетски ефикасни и
еколошки прифатливи системи за греење, ладење и вентилација, со посебен
акцент на обновливи извори на енергија. Производниот програм вклучува:
▪ високоефикасни гасни кондензациски уреди,
▪ соларни системи,
▪ топлински пумпи,
▪ рекуператори на воздух,
▪ електрични уреди за греење и санитарна топла вода,
▪ клима уреди, радијатори и целосен програм за регулација.
Со своите иновативни производи и услуги, Vaillant има за цел да ја максимизира
удобноста на живеењето, обезбедувајќи најдобри решенија за своите
корисници.

HERZ Armaturen
Со 125 години традиција и иновација, HERZ е еден од водечките европски
производители на арматури за греење, ладење и климатизација. Компанијата нуди
врвни решенија – од повеќеслојни цевки и press фитинзи до модерни котли на
биомаса – со фокус на квалитет, ефикасност и одржливост.
Grundfos
Глобален лидер во интелигентни пумпни решенија и технологии за вода. Со над
20.000 вработени низ светот, Grundfos пионерски одговара на климатските предизвици
и обезбедува ефикасни решенија за водоснабдување, отпадни води, наводнување и
греење.
Со овој успешен старт, „Денови на инсталатери“ има цел да прерасне во традиционален настан кој ќе се одржува секоја година, носејќи сѐ поголема вредност и поврзаност меѓу професионалците во оваа индустрија.
Благодарност до сите учесници, партнери и соработници кои придонесоа да го направиме овој ден инспиративен и полн со нови можности. Заедно чекориме кон поефикасна и поодржлива иднина!
За сите тековни понуди и информации може и да не заследите на нашите профили на Facebook https://www.facebook.com/VaillantMakedonijaи Instagram. https://www.instagram.com/vaillant.mk/
Погледнете дел од атмосферата од настанот во галеријата подолу.
ГАЛЕРИЈА:Можеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“




