Дерипаска ќе ја тужи Црна Гора- бара отштета од милијарда евра
Објавено во: Балкан 13 Август, 2013
Руската ЕнПлус група на рускиот бизнисмен Олег Дерипаска ќе ја тужи Црна Гора и ќе бара отштета од милијарда евра порад тоа што црногорската Влада како што тврдат, фалсификувала финансиски извештаи на Комбинатот за алуминиум Подгорица (КАП), каде се ко-сопственици.
Тоа го соопшти поранешниот извршен директор на КАП, Јуриј Мојсеев додавајќи дека е грев за Владата и тоа што како што тврди, не исполнила обврски од договор за порамнување кој е направен по приватизацијата на КАП, пренесува ТВ-Вијести.
Мојсеев на видео-конференција со црногорски новинари, најави дека тужбата против Црна Гора ќе биде покрената пред суд во Франкфурт.