19 Декември, 2025
0.0574

Деркоски со објаснување зошто Бранко Црвенковски и Талат Џафери ги немало на избирачкиот список

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2018 06:25

Добивај вести на Viber

На Бранко Црвенковски и Талат Џафери им истекол рокот на важечките документи и затоа ги немало на избирачкиот список за време на референдумот. Гласањето било во периодот додека траела управната постапка со менувањето на податоците и затоа тие не можеле да гласаат.. Тоа е динамична материја која постојано трпи промени. Таа бројка не е еалармантна и е иста на сите избори, наведе Оливер Деркоски, претседателот на Државната изборна комисија.

Деркоски додаде дека референдумот не може да се смета за успешен или неуспешен.

- Законот вели дека „не е донесена одлука“, првиот кумулативен услов е бројката на излезност. Имаше голем број на набљудувачи - 15.000 и многу мал број на незначителни приговори. Може да се каже дека организацијата на референдумот беше успешна - тврди првиот човек на ДИК.

Додаде дека Обвинителството досега не ги побарало материјалите за вештачење за да се увиди дали на одредени места навистина се гласало со брзина од десетина секунди. Прифатен бил само еден приговор на набљудувач.  Станува збор за случајот во Куманово каде беше поништено гласањето на едно гласачко место, а поднесени се и кривични пријави против лицето што беше одговорно за евиденцијата дека бил променет резултатот, односно една била состојбата во гласачката кутија, а друга во записникот.

Наведе и дека немало никаков политички притисок пред и за време на референдумот. Според него, ДИК во овој состав е подготвена за предвремени парламентарни избори а избирачкиот список нема „фантоми“ затоа што постојат над 2,4 милиони полнолетни и малолетни со македонско државјанство.

- Во Грција право на глас имаат 11 милиони, а не се толку во земјата. Исто и во Косово и Албанија - изјави функционерот кој доаѓа како номиниран од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Смета дека, според последните измени на Законот за Влада, треба да се почитува пржинскиот договор ако има вонредни избори, бидејќи во спротивно, иако нема да влијае директно на резултатите, ќе се изроди нова политичка криза.

Деркоски вели дека на ДИК би му биле потребни минимум 52 дена за организација на тие парламентарни избори, додколку се премине не истите и нема двотретинско мнозинство за уставните измени во согласност со преспанскиот договор.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината