ДЕСЕТ ЛИЦА ЗАМИНУВААТ НА ОБУКА ЗА ЛЕТАЊЕ - АЦВ покрива 50 проценти од трошоците
Објавено во: Македонија 01 Август, 2025 11:38
Десет лица ќе се стекнат со дозвола од областа на летечките операции со обука кофинансирана од државата преку Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ). Уверенијата на 10-те кандидати за пилоти денеска им ги врачија вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски и директорот на АЦВ Драги Стојаноски.
АЦВ на 1 јули објави јавен повик за кофинансирање до 50 проценти на обуки за 27 лица, по што следуваше тестирање на кандидатите. Уверенија за кандидати за приватен пилот на авион PPL-A SEP land добија седум лица, за пилот на ултралесни воздухоплови (ULPL) две лица, а за пилот на едрилица по програма со аерозапрега (SPL) едно.
Министерот Николоски и директотот Стојановски изјавија дека обуките се во насока на надминување на состојбата со сериозен недостаток на воздухопловен персонал. Станува збор за основни обуки, а АЦВ најавува повик и за напредни обуки со што, како што изјави Николоски, би се произвел воздухопловен кадар што ќе се вклучи и во државните ресурси и во приватниот сектор.
- Продолжуваме со поддршката, процесот е отворен и транспарентен, се надевам дека на идниот повик ќе има уште поголем интерес - изјави Николоски.
Дел од обуките се основа за натамошен професионален развој и градење професионална пилотска кариера, а дел се од областа на воздухопловно спортски активности како стимул за досегашните високи резултати постигнати од поединци, тимови и репрезентацијата на европски и светски натпревари. Целта на проектот, посочуваат, е и да ги раздвижи и обнови активностите во аеро клубовите и спортските аеродроми кои соочувајќи се со финансиски проблеми, нерешени имотно-правни односи, без помош од државата - полека замираат, а кои во минатото беа основата за создавање на персонал кој подоцна го користеле и Министерството за одбрана, воздухопловните единици на МВР, СОЗР, ДЗС – пилоти на АТ 802А Fire Boss, како и Агенцијата за цивилно воздухопловство.
АЦВ јавно ги објави трошоците за поддржаните обуки, но и колкав дел тие ќе покриваат од трошоците за пилотите.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




