06 Декември, 2025
0.0492

Дешифрирајте пред да споделите

Објавено во: Мои пари 08 Јули, 2025 14:38

Добивај вести на Viber

Справувањето со дезинформациите е еден од најголемите предизвици на денешницата. Лажните вести може да ги загрозат животите на луѓето. Како да ги препознаваме?

Во мај 2019 година, жителите на Косово беа предупредени дека жена демне по улиците и киднапира деца. Предупредувањето за многу кратко време се прошири на социјалните мрежи заедно со фотографија од Н. Н.. Веста се прошири многу брзо и меѓу луѓето завладеа паника. Веќе следниот ден, Н. Н. ја нападнаа група луѓе сред бел ден на плоштадот во Липљан, Косово, убедени дека киднапира деца. За жал, Н. Н. не е единствената жртва на вакви дезинформации во регионот.

Лани, во 2024 година, Србија и регионот беа потресени од веста за исчезнувањето на малата Данка Илиќ. Набргу откако исчезна, полицијата уапси двајца мажи осомничени за нејзиното убиство. Медиумите веднаш објавија фотографија од наводниот убиец — насмеан постар маж, облечен во јакна со жолта јака. Неговата слика беше насекаде. Но, човекот на фотографијата воопшто не беше вмешан во случајот, ниту пак беше обвинет за нешто. Некои новинари едноставно ја презеле фотографијата од неговиот профил на „Фејсбук“, бидејќи има исто име и презиме како еден од осомничените, и го претставија пред јавноста како ладнокрвен убиец на двегодишно девојче.

Друг ваков пример е и случајот на Н. И., новинарка од Србија, чијшто живот засекогаш се промени откако нејзина приватна снимка со интимна содржина беше споделена на каналот „Телеграм“ без нејзина согласност.

Овие случаи се пример за три различни форми на манипулација со информации: дезинформации, погрешни информации и малинформации. Според веб-страницата на организацијата „Медиа Дифенс“ („Media Defence“), којашто посветено пружа правна помош на новинари:

- дезинформациите се лажни информации што се шират со намера да се предизвика штета;

- погрешните информации се лажни информации што не се шират со намера да се предизвика штета; и

- малинформациите се вистинити информации што се шират со намера да им се наштети на поединци или групи.

Ваквите манипулации отсекогаш постоеле, но денес се позастапени поради сè поголемиот број на социјалните мрежи. Иако ваквите манипулации не се ништо ново, сведоци сме дека денес се позастапени, особено поради брзината и досегот што ги овозможуваат социјалните мрежи.

 

Според податоците од Анкетата за млади од 2024 година, спроведена од Европскиот парламент, социјалните мрежи се главен извор на информации за политички и општествени теми за 42% од младите во ЕУ на возраст од 16 до 30 години. Телевизијата е втор најчест извор преку кој се информираат 39% од испитаниците. Според анкетата, колку е помлад испитаникот, толку е поголема веројатноста дека се информира на социјалните мрежи. Дополнително, повеќето испитаници се изјасниле дека биле мета на дезинформации неделата пред да го пополнат анкетниот прашалник – тие сметаат дека умеат да ги препознаат дезинформациите.

Младите и медиумските професионалци од шесте земји од Западен Балкан се запознаени со примери на дезинформации, погрешни информации и малинформации од нивните земји. Како што напоменаа за време на интервјуата, справувањето со нив воопшто не е лесно. „Денес сме преплавени со безброј информации, од кои повеќето се бескорисни. Особено на социјалните мрежи и порталите, каде што набрзина и без фокус ги прелистуваме содржините. Токму тоа е една од причините зошто луѓето не обрнуваат внимание на деталите и не го преиспитуваат прочитаното“, вели Емина Балота, млада европска амбасадорка од Црна Гора.

Лагите и неточните информации се проблем со којшто младите во регионот се соочуваат секојдневно. Емина Одобашиќ, студентка од Босна и Херцеговина, смета дека младите во нејзината земја сè уште не се доволно умешни да ги препознаат сите видови на дезинформации. „Давам сè од себе да ги проверам убаво информациите пред да ги споделам и внимавам да избрзувам со реакција. Сметам дека младите стануваат сѐ посвесни, но сè уште многумина споделуваат информации без да ги проверуваат – особено доколку содржината се совпаѓа со нивните ставови“, вели таа.  

Со истиот проблем се соочуваат и новинарите кои секојдневно известуваат од нивните земји. Според Неда Димова-Прокиќ, новинарка од Северна Македонија, медиумската писменост треба да се воведе во наставната програма за основно образование. „Медиумската писменост треба да се подигне на повисоко ниво, а наставниците треба соодветно да се обучат како да им ја пренесуваат на учениците уште од најрана возраст. Критичкото размислување треба да се поттикнува на училиште и дома, каде што децата преку примери ќе учат како да размислуваат критички“, вели таа.

За вредноста на медиумската писменост и критичкото размислување особено се свесни лицата што на своја кожа ги почувствувале последиците од дезинформациите, погрешните информации и малинформациите.

Вулнет Красниќи, новинар од Косово, со години беше мета на дезинформации, особено за време на неговото учество во реалното телевизиско шоу „Големиот брат“ во Приштина. „Еден впечатлив пример беше токму тогаш, кога наративите на интернет — честопати поттикнати од кликови, алгоритми, па понекогаш дури и лоши намери — беа изградени врз селективни вистини или лаги за мојот идентитет, моите ставови и врски“, вели Вулнет.

Постојат неколку онлајн алатки и платформи за проверка на факти кои може да помогнат да се провери веродостојноста на содржините. Јона Ченамери, новинарка од Албанија, се служи со разни вакви платформи за проверка на факти.

„Сметам дека младите различно им пристапуваат на лажните вести. Вниманието не им се задржува долго на овие вести, па оттаму не се задржуваат долго пред екраните и не размислуваат подлабоко за нив, туку набрзина ги прелистуваат без да размислат дали информациите се веродостојни“, вели Јона.

Лажната содржина може да влијае на луѓето – како дома, така и во странство. Според Елена Прњиќ, којашто ги менаџира социјалните мрежи за веб-страница за проверка на факти во Србија, постојат неколку начини за справување со овој проблем. „Манипулативните наративи се опасни за целиот свет, не само за Србија. И постојат повеќе начини со коишто може да се справиме со нив. Дел од јавноста веќе има сериозна недоверба во медиумите, па затоа не „паѓа“ лесно на манипулации и дезинформации. Лицата кои се помалку медиумски и дигитално писмени, често се мета на ваквите манипулации поради недостигот на критичко размислување. Има и такви, иако ретки, кои се скептични и сакаат да истражуваат подлабоко – тие самите ги проверуваат информациите или се консултираат со експерти, како проверувачи на факти“, вели таа.


Групата „Re-Setters“ на работилницата „Fact Content Lab“ во Подгорица

Ширењето на дезинформации, погрешни информации и малинформации е надвор од контрола на поединците, но може да се намали доколку заедно се заложиме за тоа. Сепак, секој од нас ѝ должи на својата заедница, без оглед дали таа е во неговото опкружување или на интернет, да направи една минимална проверка пред да сподели вест. За младата жена нападната во Косово, лажно обвинетиот маж од Србија и новинарката што беше мета на злонамерни канали на „Телеграм“, овие манипулативни тврдења не се банални информации што луѓето набрзина ќе ги прелистаат и одминат, туку се информации што негативно се одразиле на нивниот живот.

За да спречиме вакви случаи во иднина – секогаш дешифрирајте пред да споделите.

Содржината на овој текст не ја претставува официјалната позиција на Европската унија. Целосната одговорност за информациите и ставовите искажани во него е на авторите.

ПР објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј