19 Декември, 2025
0.0465

Дескоски, Димоски и Калајџиев за инцидентот во Демир Хисар: Еден го фали адвокатот, друг вели дека не е изненаден, трет вели дека никој не смее со сила да биде однесен на информативен разговор

Објавено во: Македонија 10 Август, 2025 07:00

Добивај вести на Viber

По инцидентот во Демир Хисар во кој се извршуваше претрес на директорка која беше со покачен притисок онеспособена да се движи, се огласија правниците и експертите во правната сфера со коментари на инцидентот.

ВИДЕО: „Макар и на носилки, на информативен разговор“: Драматично видео се појави од Демир Хисар, еве го објаснувањето од ОЈО

Професорот Гордан Калајџиев рече дека никој не смее да биде однесен со сила на информативен разговор.

Никој не може со сила да се однесе на информативен разговор!“, напиша тој.


Професорот Тони Дескоски со пофални зборови за адвокатот.

АДВОКАТИТЕ се главниот бастион за одбрана на слободата и правдата од САМОВОЛИЕ.

Денес гледаме пример за вечерашното постапување на адвокат кој е гордост за професијата“, напиша тој.

Поранешниот обвинител Војо Димоски пак, вели дека не е изненаден од тоа што се случило.

Како некој што поминал повеќе од десет години од кариерата како јавен обвинител не сум изненаден од нивото на началникот на полицијата во Демир Хисар. Исто така не сум изненаден ни од нивото на Јавниот обвинител со кој истиот се консултираше по телефон и добиваше насоки кои се најблаго речено на работ на законот, па и надвор од законот. Она што ме изненадува е дека оваа власт која доби силен мандат од народот меѓудругото за средување на состојбата во правосудниот систем не само што не расчисти со таквите кадри туку напротив покажува голем афинитет кон т'пи но послушни началници, судии и обвинители“, напиша тој.



Внатрешна контрола ќе го чешла постапувањето на полициските службеници за време на претресот во Демир Хисар


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот