22 Јуни, 2025
0.0304

ДЕСНИЧАРСКИОТ ГЕРБ НА БОЈКО БОРИСОВ ПОБЕДНИК НА ИЗБОРИТЕ ВО БУГАРИЈА: „Со ваква победа можеме да прифатиме компромис“

Објавено во: Балкан 28 Октомври, 2024 09:52

Добивај вести на Viber

Десничарската партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов е победник на вчерашните парламентарни избори во Бугарија, според кои партијата освоила 25 отсто од гласовите, што е за околу 10 отсто повеќе од реформската коалиција на партијата Продолжуваме со промените и десничарската демократска Бугарија.

„Од денеска па натаму – посветени сме на формирање влада. Со ваква победа можеме да прифатиме компромис, но нема да го заобиколиме гласот на народот. Нашата агенда ќе биде фундаментална за идната влада“, рече Борисов.

Тој им се заблагодари на Бугарите за големата излезност.

„Со ваков одговор можеме помирно да зборуваме за тоа како новиот парламент ќе ја претставува волјата на народот“, рече Борисов, пренесува бугарската агенција БТА.

„До утре наутро може да се случат многу промени, освен кој ќе биде јасен победник. Парламентот е математика. Бројот на партии е од огромно значење. Ако влезат сите овие партии, веќе знам дека влада нема да има“, рече Борисов коментирајќи ги првичните резултати.

Конечните резултати се очекуваат денеска, а доколку прелиминарните податоци се покажат точни, Борисов ќе добие мандат да ја формира својата четврта влада, но ќе мора да влезе во коалиција за да формира кабинет.

Политичките аналитичари прогнозираат дека и овие резултати, кои значително не се разликуваат од претходните шест избори одржани во последните три години, може да доведат до ново гласање, објави Радио Слободна Европа.

На последните избори одржани во јуни, немаше јасен победник, а седумте групи избрани во парламентот не беа во можност да формираат одржлива коалиција.

фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Можеби ќе ве интересира

ЗАКИНТОС СЕ ТРЕСЕ: Земјотрес од 4,8 степени удри во Јонското море

ЗАКИНТОС СЕ ТРЕСЕ: Земјотрес од 4,8 степени удри во Јонското море

ХАОС И ЗА ВЛЕЗ И ЗА ИЗЛЕЗ ОД ЗЕМЈАВА: Прешево и Богородица преполни со возила

ХАОС И ЗА ВЛЕЗ И ЗА ИЗЛЕЗ ОД ЗЕМЈАВА: Прешево и Богородица преполни со возила

(ВИДЕО) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО ХРВАТСКА, ОГНОТ ГОЛТА СЕ ПРЕД СЕБЕ: Туристите бегаат,морничави снимки пристигнуваат од познатото летувалиште

(ВИДЕО) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО ХРВАТСКА, ОГНОТ ГОЛТА СЕ ПРЕД СЕБЕ: Туристите бегаат,морничави снимки пристигнуваат од познатото летувалиште

КУПУВАМ ВО МАРКЕТИ, ПА СИ ПОДГОТВУВАМ ОБРОЦИ: Туристите се шокирани од цените во Будва

КУПУВАМ ВО МАРКЕТИ, ПА СИ ПОДГОТВУВАМ ОБРОЦИ: Туристите се шокирани од цените во Будва

(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА: Дрвја паднаа врз туристи, а гром удри во Германец

(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА: Дрвја паднаа врз туристи, а гром удри во Германец

Нова провокација од Бугарија? Претседателот на згаснатиот „Ванчо Михајлов“ примен во бугарското МНР

Нова провокација од Бугарија? Претседателот на згаснатиот „Ванчо Михајлов“ примен во бугарското МНР

(ВИДЕО) ВУЧИЌ ВО ПАРК: Време е да ги подобрам физичките карактеристики, да бидам малку помалку дебел

(ВИДЕО) ВУЧИЌ ВО ПАРК: Време е да ги подобрам физичките карактеристики, да бидам малку помалку дебел

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА ВО ГРЦИЈА: Хеликоптер се урна во морето

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА ВО ГРЦИЈА: Хеликоптер се урна во морето

ПОЧНА СЕЗОНАТА НА ДОМАТ – ТУРИЗАМ, КРИШКА ЛЕБ СО ПАШТЕТА НА ПЛАЖА ЗА ДВАЈЦА: Денот се поминува со помалку од 5 евра

ПОЧНА СЕЗОНАТА НА ДОМАТ – ТУРИЗАМ, КРИШКА ЛЕБ СО ПАШТЕТА НА ПЛАЖА ЗА ДВАЈЦА: Денот се поминува со помалку од 5 евра