29 Декември, 2024
0.0280

ДЕСПОТОВСКИ ОСТАНА БЕЗ ПАСОШ: Обвинителство побарало мерки на претпазливост за поранешниот директор на ТИРЗ

Објавено во: Македонија 28 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Поранешниот директор на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски остана без пасошот и има обврска да се јавува во Судот, објави Јавното обвинителство. 

Како што беше соопштено, надлежниот јавен обвинител доставил предлог до Основниот кривичен суд Скопје за одземање на патната исправа и обврска за повремено јавување во Судот како мерки на претпазливост за поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, за кого се води истрага за злоупотреба на службената положба.

Основниот Кривичен суд го прифати предлогот на Јавното обвинителство и на поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, му определи мерки на претпазливост одземање на патната исправа и повремено јавување во судот.

Како што информираа од Основното јавно обвинителство Скопје, во тек се активности од страна на Основното јавно обвинителство Скопје и Управата за финансиска полиција

- Основното јавно обвинителство Скопје води истрага за злоупотреба на службената положба Основното јавно обвинителство Скопје започна претходна постапка против едно лице поради основано сомневање за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување, според член 353 од Кривичниот законик. 

Надлежниот јавен обвинител достави предлог до Основниот кривичен суд Скопје за одземање на патната исправа и обврска за повремено јавување во Судот како мерки на претпазливост. 

Во тек се активности од страна на Основното јавно обвинителство Скопје и Управата за финансиска полиција. Двете институции ќе ја информираат јавноста кога ќе се создадат услови за тоа - стои во соопштението од ОЈО.

Претходно, дел од медиумите објавија дека Деспотовски бил приведен за наводна проневера на два милиона евра во ТИРЗ Струмица и ТИРЗ Штип, по што тој демантираше дека веста не е точна. 

- Во врска со информациите кои се појавија во јавноста за наводно приведување сакам да ја информирам јавноста дека сите наводи за такво дејствие се неточни.Објавената информација од дел од медиумите ја сметам за намерно или ненамерно дезинформирање на јавноста. Во моментов, ги преземам сите потребни правни чекори за заштита на мојата чест и углед. Мојата достапност и за институциите и за медиумите досега е потврдена во пракса и ќе остане така и во иднина. Навистина очекувам медиумите да ја проверат точноста на информациите пред нивно објавување, со цел да избегнат понатамошно ширење на дезинформации - напиша Деспотовски. 

Можеби ќе ве интересира

Приведен син на поранешен функционер од МВР, дал знак за бегство на кланот „Беланоца“

Приведен син на поранешен функционер од МВР, дал знак за бегство на кланот „Беланоца“

Републичкиот обвинител Коцевски: За делото на Васко Ковачевски не би бил определен притвор

Републичкиот обвинител Коцевски: За делото на Васко Ковачевски не би бил определен притвор

Обвинителството во акција против криумчарење луксузни возила, осомничени и службени лица

Обвинителството во акција против криумчарење луксузни возила, осомничени и службени лица

АФРИКАНСКА ЧУМА ОТКРИЕНА ВО ОХРИДСКО - уништени се сите затекнати свињи на фармата, еве ги деталите

АФРИКАНСКА ЧУМА ОТКРИЕНА ВО ОХРИДСКО - уништени се сите затекнати свињи на фармата, еве ги деталите

„МУ СТАВИЛЕ МОТОРНА ПИЛА ПОД ВРАТОТ“: се огласи ОЈО за нападот врз шумските полицајци, бара притвор и мерки за претпазливост

„МУ СТАВИЛЕ МОТОРНА ПИЛА ПОД ВРАТОТ“: се огласи ОЈО за нападот врз шумските полицајци, бара притвор и мерки за претпазливост

РУСИЈА ЈА СТОПИРА ИСПОРАКАТА НА ГАС ВО МОЛДАВИЈА: Долгот не е платен

РУСИЈА ЈА СТОПИРА ИСПОРАКАТА НА ГАС ВО МОЛДАВИЈА: Долгот не е платен

„НАМЕРНО ДЕЗИНФОРМИРАЊЕ НА ЈАВНОСТА“: Деспотовски негира дека е уапсен, еве што објави

„НАМЕРНО ДЕЗИНФОРМИРАЊЕ НА ЈАВНОСТА“: Деспотовски негира дека е уапсен, еве што објави

„Не смеат да се толерираат двојни стандарди“: поранешниот министер за права со посебна порака

„Не смеат да се толерираат двојни стандарди“: поранешниот министер за права со посебна порака

ПУТИН СЕ ИЗВИНИ ЗА „ТРАГИЧНИОТ“ АВИОН: Не признава одговорност

ПУТИН СЕ ИЗВИНИ ЗА „ТРАГИЧНИОТ“ АВИОН: Не признава одговорност