„Не смеат да се толерираат двојни стандарди“: поранешниот министер за права со посебна порака
Објавено во: Македонија 28 Декември, 2024
Соединетите Американски Држави остануваат нашиот најважен партнер во зајакнувањето на владеењето на правото и борбата против корупцијата во Северна Македонија. Внесувањето на поединци на црната листа на Стејт департментот е јасен доказ за нивната посветеност на изградба на стабилни институции и држава со вистински демократски вредности – цел што ја споделуваме сите како граѓани на оваа земја.
Ова го пишува поранешниот министер за правда Кренар Лога на Фејсбук.
Тој посочува дека и покрај контроверзиите околу имињата на поединците на оваа листа – кои често претставуваат фигури со влијание и економска моќ – претходната влада покажа политичка храброст со предлагање на закон за рестриктивни мерки, кој ги ограничуваше политичките и економските активности на санкционираните лица од САД.
- За жал, овој закон беше блокиран во Собранието од политичките сили кои денес се на власт, покажувајќи пристап мотивиран од лични интереси и страв од губење на нивните спонзори – страв што се одрази и на изборните резултати.
Во меѓувреме, борбата против корупцијата и организираниот криминал продолжува да биде селективна и фрагментирана. Некои познати фигури, како поранешниот вицепремиер Кочо Ангушев и олигархот Камчев, сè уште уживаат во јавните фондови без ниту една отворена истрага против нив. Слично, нема правни постапки против, градоначалникот на Карпош, кој постојано користи медиумска платформа за политичко предавање - укажува Лога.
Според него ова е селективен пристап на правдата, кој не само што ја поткопува довербата на граѓаните во институциите, туку и ги разградува темелите на правната држава.
- Правдата мора да биде еднаква, инклузивна и непристрасна. Не смеат да се толерираат двојни стандарди каде поединците се третираат различно врз основа на етничка припадност или политички врски. Таквата дискриминација не само што го загрозува владеењето на правото, туку ги става на ризик и партнерските односи со нашите меѓународни сојузници.
Силно апелирам до нашите институции да покажат одговорност и професионалност, обезбедувајќи еднаков и транспарентен третман за сите лица споменати на американската листа. Само преку праведна и непристрасна правда можеме да ја вратиме довербата на граѓаните во институциите и да ги зајакнеме односите со нашите меѓународни партнери - укажува Лога кој е дел од Алијанса за Албанците.
Еве ја неговата објава: