29 Декември, 2024
0.2113

„МУ СТАВИЛЕ МОТОРНА ПИЛА ПОД ВРАТОТ“: се огласи ОЈО за нападот врз шумските полицајци, бара притвор и мерки за претпазливост

Објавено во: Македонија 28 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против три лица поради сомнение дека сториле кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

- Тројцата соизвршители, на 27 декември, во близина на местото викано Ветерско кај поранешни лозја на агрокомбинатот “Лозар” – Велес, со употреба на сила и сериозна закана спречиле три службени лица, припадници на шумската полиција, во вршење на нивните службени задачи - појаснуваат од ОЈО.

Од таму додаваат дека, шумските полицајци ги затекнале тројцата осомничени со нивното возило со приколка во кое товареле нелегално пресечени дрва. 

- Се обиделе да ги одземат дрвата и да ги приведат сторителите, но осомничените ги нападнале физички со нож.  На двајца им нанеле телесни повреди, а на третиот припадник на шумската полиција му се заканиле, ставајќи му моторна пила под вратот - објаснуваат од Обвинителство.

За двајца осомничени надлежниот јавен обвинител до судот во Велес достави предлог за определување мерка притвор, а за еден побара мерки на претпазливост.

Фактор веќе објави за страшниот напад врз шумските полицајци, кои биле нападнати со нож и моторна пила, откако ги откриле дрвократците. 

Можеби ќе ве интересира

Приведен син на поранешен функционер од МВР, дал знак за бегство на кланот „Беланоца“

Приведен син на поранешен функционер од МВР, дал знак за бегство на кланот „Беланоца“

Републичкиот обвинител Коцевски: За делото на Васко Ковачевски не би бил определен притвор

Републичкиот обвинител Коцевски: За делото на Васко Ковачевски не би бил определен притвор

Обвинителството во акција против криумчарење луксузни возила, осомничени и службени лица

Обвинителството во акција против криумчарење луксузни возила, осомничени и службени лица

АФРИКАНСКА ЧУМА ОТКРИЕНА ВО ОХРИДСКО - уништени се сите затекнати свињи на фармата, еве ги деталите

АФРИКАНСКА ЧУМА ОТКРИЕНА ВО ОХРИДСКО - уништени се сите затекнати свињи на фармата, еве ги деталите

ДЕСПОТОВСКИ ОСТАНА БЕЗ ПАСОШ: Обвинителство побарало мерки на претпазливост за поранешниот директор на ТИРЗ

ДЕСПОТОВСКИ ОСТАНА БЕЗ ПАСОШ: Обвинителство побарало мерки на претпазливост за поранешниот директор на ТИРЗ

РУСИЈА ЈА СТОПИРА ИСПОРАКАТА НА ГАС ВО МОЛДАВИЈА: Долгот не е платен

РУСИЈА ЈА СТОПИРА ИСПОРАКАТА НА ГАС ВО МОЛДАВИЈА: Долгот не е платен

„НАМЕРНО ДЕЗИНФОРМИРАЊЕ НА ЈАВНОСТА“: Деспотовски негира дека е уапсен, еве што објави

„НАМЕРНО ДЕЗИНФОРМИРАЊЕ НА ЈАВНОСТА“: Деспотовски негира дека е уапсен, еве што објави

„Не смеат да се толерираат двојни стандарди“: поранешниот министер за права со посебна порака

„Не смеат да се толерираат двојни стандарди“: поранешниот министер за права со посебна порака

ПУТИН СЕ ИЗВИНИ ЗА „ТРАГИЧНИОТ“ АВИОН: Не признава одговорност

ПУТИН СЕ ИЗВИНИ ЗА „ТРАГИЧНИОТ“ АВИОН: Не признава одговорност