РУСИЈА ЈА СТОПИРА ИСПОРАКАТА НА ГАС ВО МОЛДАВИЈА: Долгот не е платен
Објавено во: Македонија 28 Декември, 2024
Рускиот енергетски гигант Газпром денеска објави дека ќе го прекине извозот на гас во Молдавија од 1 јануари 2025 година.
Тие наведуваат дека Молдавија не го платила долгот кон компанијата, и дека имаат право да го раскинат договорот за набавка што го имаат со Молдавија.
Овој потег дојде поради целосното прекинување на извозот на руски гас преку Украина во Европа, односно Словачка, Австрија, Унгарија и Италија, откако на 31 декември истекува постоечкиот договор што го имаат со Украина.
Најпогодена од оваа суспензија ќе биде Молдавија.
Молдавскиот премиер Дорин Речен ја осуди руската одлука и додаде дека жителите ќе останат без струја и парно.
Во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук, таа ја обвини Русија дека ја користи енергијата како оружје и најави дека Молдавија ќе ги разгледа правните лекови, како и меѓународната арбитража.
Русија, која ја критикува прозападната влада на Молдавија, бара отплата на долгот за минати испораки, кој според нивните пресметки изнесува 709 милиони долари, додека Молдавија тврди дека должи 8,6 милиони.
Русија ја снабдува Молдавија со околу две милијарди кубни метри гас годишно преку Украина, а гасот се доставува до отцепениот регион Придњестровје, кој го користи гасот за производство на евтина енергија со која се снабдува остатокот од Молдавија.
Два ипол милиони жители на оваа земја се подготвуваат за долги намалувања на струјата бидејќи Киев изјави дека нема да го продолжи транзитниот договор со руската компанија, пишува Индекс.
Извор: Новости.рс