05 Декември, 2025
0.0327

ДЕВАЛВАЦИЈА: Прашање на желба, време или пари?

Објавено во: Финансии 26 Април, 2016 08:15

Добивај вести на Viber

Нема услови и опасност од девалвација на денарот, сметаат дел од економистите, откако изминативе денови за оваа тема се погласно се зборува. Девалвацијата е лоша опција, затоа што ќе предизвика лоши ефекти, а пред се ќе го зголеми товарот за сервисирање на долговите што се во странски валути, смета економскиот истражувач  Бранимир Јованович, и додава дека според сегашните услови далеку сме од девалвација, а девизните резерви се на солидно ниво. Истиот став го дели и Марјан Николов, од Центарот за економски анализи, кој посочува дека во моментов нема ниту една причина за девалвација. „Девизните резерви се на задоволително ниво од околу 2,3 милијарди евра, а банките во Народна банка имаат ликвидност од околу 500 милиони евра. Во истовреме тековната и капиталната сметка се со вообичаените движења, а нема промени ниту во условите за тргување“ вели Николов, појсанувајќи дека тоа е показател дека нема никаква причина за девалвација на денарот. Аналитичарот Сами Беслими пак вели дека притисоци ќе постојат. „Доколку се реализираат заканите за прекинување на кредитирањето од Светска банка и ММФ, тоа ќе предизвика отежнување на условите за кредитирање и од комерцијалните кредитори, а сето тоа ќе предивика, прво перманентен глад од странска валута, потоа раст на каматните стапки, отежнување на другите услови за кредитирање, како и зголемување на трошоците на производство, а со тоа и намалување на ценовната конкурентност на домашното производство. Преценет курс на домашната валута, во услови на висока увозна зависност е неодржлива. Излезот е во намалувње на потрошувачката, посебно на јавната потрошувачка во рамките на можностите за нејзино финансирање (фискалниот капацитет). Инаку, не сум поборник за еднократна девалвација, но повеќе препорачувам пливачки курс со пошироки маргини. И во едниот и во другиот случај, доколку не се постигне политички концензус во земјата за кратко време, влегувањето во зона на рецесија е скоро неизбежна“вели Беслими. Шпекулациите за можна девалвација на денарот ги отфрли и гувернерот Димитар Богов, кој порача дека македонската економија останува стабилна, а стабилен е и денарот. Богов додаде дека Народната банка има капацитет и може да испорача ценовна стабилност , стабилен курс на денароот и стабилност на банкарскиот систем. „Македонија 19 години има стабилен курс на денарот. Во овие 19 години бевме соочени и со многу поголеми предизвици од овие сега, така што укажавме дека Народната Банка има капацитети и може да испорача ценовна стабилност, стабилност на курсот на денарот и сигурност на банкарскиот систем. Така што не треба да има загриженост околу ова, не треба да се верува на шпекулациите. Значи инфлацијата во Македонија останува многу ниска, курсот на денарот останува стабилен, банките остануваат најсигурно место за штедење, посочи пред неколку дена гувернерот Богов. С.Н.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката