Деведесетгодишна баба е првата личност од Западот што прими вакцина против Ковид-19
Објавено во: Свет, Корона Вирус 08 Декември, 2020
Маргарет Кинан, 90-годишна баба, во вторникот стана првата личност во светот што примила вакцина на компанијата „Фајзер“ против КОВИД-19 со што Велика Британија започна да ја имунизира својата популација.
Кинан, рано се разбуди, ја прими вакцината во нејзината локална болница во Ковентри, централна Англија, во вторникот наутро, една недела пред да наполни 91 година. Велика Британија денеска започна да ја дистрибуира вакцината развиена од Фајзер и Бајонтех, првата западна земја што започна со вакцинирање на своето население.
„Се чувствувам толку привилегирано што сум првата личност вакцинирана против Ковид-19“, рече Кинан, додека беше вакцинирана од медицинска сестра по потекло од Филипини.
„Тоа е најдобриот подарок за мојот роденден што би можела да го посакам, бидејќи тоа значи дека конечно можам да се радувам и да поминувам време со моето семејство и пријателите за Нова Година, откако бев сама во поголемиот дел од годината“.
Кинан, позната како Меги за нејзините пријатели, е поранешна асистентка во продавница за накит, која се пензионираше само пред четири години. Таа има ќерка, син и четири внуци.
Медицинската сестра Меј Персонс, кој работи во Националната здравствена служба на Велика Британија 24 години, рече дека последните неколку месеци биле тешки за сите, но се чувствува дека сега има светло на крајот од тунелот.
Британија е најтешко погодена европска земја од КОВИД-19, со над 61 000 смртни случаи, но премиерот Борис Џонсон се надева во пресврт со користење на вакцината пред САД и земјите од ЕУ.
Велика Британија порача 40 милиони дози од „Фајзер“ и „Бајонтек“. Бидејќи на секое лице му се потребни две дози, тоа е доволно за да се вакцинираат 20 милиони луѓе во земјата со 67 милиони жители.
Околу 800.000 дози се очекува да бидат достапни во текот на првата недела, за жители и негуватели на домови за нега, за луѓе постари над 80-тите години и некои здравствени работници.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.