27 Септември, 2024
0.0369

ДЕВИЈАНТНОТО ОДНЕСУВАЊЕ НА МАЛОЛЕТНИЦИТЕ ГИ ВОЗНЕМИРУВА ГРАЃАНИТЕ: „Без соодветни санкции не можеме против тоа“ – проф. Стојаноска Иванова за Фактор

Објавено во: Македонија 30 Март, 2023

Добивај вести на Viber

По настанот кој ги вознемири скопјани, поточно оние кои живеат во Центар во населбата Капиштец, когаво неделата вечерта беше нападнато малолетно дете од страна на четворица, исто така малолетни деца, штитеници на ЈУ за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми, „25 Мај“, не стивнуваат реакциите на граѓаните. Првенствено, како што велат, не се чувствуваат безбедни, а истовремено стравуваат во вечерните часови да ги оставаат децата сами во околните паркови. Настанот го обелодени таткото на малолетното момче, Петар Младеновски, кој јавноста го знае како Пеце Суперхикс со објава на Фејсбук, при што детално опиша како и кога е истепано детето со шамари и со клоци и дека успеал да ги фати агресивните и насилни момчиња и да повика полиција. Сепак, вели тој, реакцијата е млака или ја нема воопшто и апелира до соседите да бидат внимателни и да си ги чуваат децата.

Бидејќи станува збор за деца кои сега живеат во малите групни домови, Фактор побара став од Министерството за труд и социјална политика и конкретно праша какви мерки ќе преземе надлежната институција, бидејќи, според наводите на Младеновски, ова не е прв инцидент, како и тоа, дека иако се малолетни, се оставени сами на себе, и никој нема контрола над нив. Секако, одоговорот од МТСП е многу кус.

-Во врска со настанот во кој физички е нападнато малолетно  дете од страна на четворица штитеници на ЈУ за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми, ве известуваме дека Министерството за труд и социјална политика осудува секаков вид на насилство. Согласно законот за социјална заштита, ќе се направи вонреден инспекциски надзор во установата со цел да се утврди дали има недостатоци во работењето. По завршениот инспекциски надзор, Министерството ќе излезе со официјален извештај и соопштение, велат од МТСП за Фактор.

Истовремено, Фактор во насока да добие подетални и подлабоки одговори во однос на малолетничката деликвенција пораговара и со проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова, од Институтот за социологија при Филозофскиот факултет, која посочува дека девијантното однесување и денес, во 21 век, во ерата на глобализацијата, во ерата на прогрес и развој на голем број општествени феномени, не само што не го губи здивот со совремието, напротив, тоа е етаблирано.

-Нам ни се случува насилство во училиште-булинг, ни се случува семејно насилство, насилство на спортски терени, во градски превоз, на места каде децата го поминуваат слободното време и треба да се рекреираат, ни се случува замав на зависностите, но тоа го креваме на домен на морална паника само кога ќе искрсне кој инцидент и ад хок ситуации, а немаме национална стратегија за борба против девијациите. Стратегијата не подразбира само парче хартија, таа се однесува на севкупниот сегмент, од препознавање, преку превенирање, до реакција и работа и со насилници и со жртви, како и ресоцијализација на деликвенти. За жал се соочуваме со неможност да реагираме соодветно бидејќи и законските можности не се прецизирани, и некогаш сме само неми сведоци на девијациите кои ни се катадневие. Како социолог кој повеќе од 20 години се занимава со оваа проблематика, првнствено предлагам сериозен пристап на научната фела, на практичарите и заедничко работење на моментот на превенирање и ресоцијализација. Секако дека мора да се вклучат и Институциите на системот, бидејќи тие се клучниот фактор за решавање на проблемите. Имено почнувајќи од семејствата, работа и поминување на квалитетно време со своите деца, потоа образовните институции, во рамките на наставните курикулуми да има што повеќе содржини за девијации со предлог механизми како да се решат, но и работилници за наставници, стручни соработници, децата со кои ќе им се покаже штетноста од било која девијација, но и ќе се едуцираат за правилно, нормално и посакувано општествено-одговорно однесување, вели проф. Стојаноска Иванова.

Цени дека голема улога во превенција на девијантното однесување треба да имаат и медиумите.

-Масовните медиуми да се посветат на содржини кои ќе значат културна и вредносно-морална надградба на младите, а не да емитуваат само политички содржини и содржини кои се морално и вредносно неутрални, а во одредени случаи и негативни. Она што е клучно е и навремена и правилна реакција на Институциите, во случај ако некој практицира на пример насилство да се работи со насилникот и во семејството и во образованието и во самите центри задолжени за ресоцијализација. Во случај истиот млад човек ако ја повтори грешката да одговара и семејството, а во меѓувреме тој покрај работата со стручни лица да има и соодветна казна и да работи општествено одговорна работа. Во случај ако делото се повторува тогаш дури се залагам и за одземање на родителско право, сместување на девијантот во центар за ресоцијализација, каде сериозно ќе се работи со него и каде ќе се направат сите механизми за тој да продолжи со нормално живеење и повторно да се вклучи во општествениот живот како добар граѓанин. Без соодветна стратегија, сеопфатна, без поддршка и помош на иснтитуциите на системот, без промена на законска легислатива и без соодветни санкции не можеме да се бориме против девијациите.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

„Заев и Филипче лажеа дека Македонија ги почнала преговорите“: Митева од ВМРО вели „само СДС и ДУИ се апстрахираат од одговорност“

„Заев и Филипче лажеа дека Македонија ги почнала преговорите“: Митева од ВМРО вели „само СДС и ДУИ се апстрахираат од одговорност“

Орбан: Заемот за Македонија не е кинески кредит, не смееме да даваме кинески пари на други

Орбан: Заемот за Македонија не е кинески кредит, не смееме да даваме кинески пари на други