Девизни резерви: Долго време бевме верни на Еврото, време е за нови валути!
Објавено во: Финансии 07 Мај, 2013 07:48
“Се предвидува дека започнатиот процес на валутна диверзификација на девизните резерви во нови валути коишто ќе овозможат балансирање на изложеноста кон кредитен ризик од една страна и одржувањето на нивото на куповна моќ на девизните резерви на долг рок, од друга страна, ќе продолжи и во наредната година. За таа цел, за 2013 година е предвидено дополнителни 1,25% од девизните резерви да се пренасочат во финансиски инструменти деноминирани во нови валути, коишто се карактеризираат со повисоки стапки на поврат, но и висока ликвидност и сигурност на инвестициите“ – обелоденува најновиот Извештај за работата на Народната Банка.Пренасочувањето на девизните резерви почна во 2012 та година, кога Централната Банка поради кризата и зголемените ризици одлучи парите да ги инвестира и во други четири нови валути: австралиски долар, канадски долар, норвешка круна и шведска круна.
“Со оваа одлука, Народната банка ја намалува изложеноста кон кредитниот ризик, согледан во однос на еврозоната“ – се посочува во најновиот Извештај на НБРМ.Најголем дел од структурата на девизните резерви и натаму зафаќа средствата инвестирани во евра. Сепак,поради одлуката за распределба на резервите и во нови валути, во 2012 та година е регистрирано намалување на учеството на еврото во вкупната валутна структура за 10 процентни поени во однос на 2011 та година.
“Просечното годишно учество на новите валути во рамки на девизните резерви изнесуваше 9,5% и беше во согласност со предвидените инвестициски ограничувања“ – објаснуваат од НБРМ.Чувањето на девизните резерви во повеќе валути значи и поголема изложеност на ризик поради курсните разлики.Според проценките на НБРМ, лани изложеноста на девизните резерви кон валутен ризик изнесувала 0,9 отсто или 20,8 милиони евра. Според пресметките на НБРМ инвестициите во новите валути забележале релативно високи стапки на поврат. Во однос на девизните резерви Централната Банка и натаму менаџира со две портфолија – ликвидносно и инвестициско. Токму инвестициското портфолио е она што треба да обезбеди профитабилност, но во пакет со сигурноста и ликвидноста. Според најновите податоци, вкупната вредност на девизните резерви заклучно со првиот квартал од годинава изнесуваат 2 милијарди и 230 милиони евра. Во првите три месеци од годинава во континуитет се забележува раст на вкупните девизни резерви. Од ова салдо, скоро 273 милиони евра е вредноста на монетарното злато, девизните средства во валути и депозити изнесуваат нешто повеќе од 154 милиони евра додека наголемиот дел од резервите или 1 милијарда и 801 милион евра се врзани за хартии од вредност. А.Д.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





