ДЕВИЗНИ РЕЗЕРВИ: Од крајот на минатата година салдото е намалено за 6 милиони евра!
Објавено во: Финансии 01 Април, 2014 08:40
Заклучно со февруари девизните резерви изнесуваат 1 милијарда и 987 милиони евра. Според податоците од Народната Банка, во однос на салдото со крајот на 2013 та година или за два месеци е забележан пад на девизните резерви за скоро 6 милиони евра.
“Падот на девизните резерви главно се должи на трансакциите за сметка на државата и нето-продажбата на девизи од страна на НБРМ на девизниот пазар. “ – објаснуваат од Народната Банка.
Податоците на НБРМ покажуваат дека во февруари има намалување на девизните резерви во конвертибилни валути. На ваков начин се чуваат 1 милијарда 771 милиони евра, при што најголем дел од парите или 1 милијарда 632 милиони евра се врзани за хартии од вредност.
Кај Меѓународниот монетарен фонд и останатите централни банки, државата чува 137 милиони евра.
Во февруари во однос на јануари е зголемена вредноста на девизните резерви во злато, така во вториот месец од годинава депозитите во злато изнесуваат 212 милиони евра, со раст од 12 милиони евра за еден месец.
Вкупните девизни резерви во февруари во споредба со јануари се зголемени за скоро 8 милиони евра.
Според НБРМ, во периодот што следува како потенцијални одливи од девизните резерви е планирана сума од 276 милиони евра.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





