05 Декември, 2025
0.0282

„Девизните резерви се стабилни!“ Спијте мирно, како на трње…

Објавено во: Финансии 11 Јули, 2013 09:16

Добивај вести на Viber

Падот на девизните резерви се’ уште не загрижува никого од одговорните. Барем не јавно. Иако се спуштија на само 2,039 милијарди евра, што е најниско ниво годинава, монетарната власт манифестира релаксираност. Но, бројките ја манифестираат реалноста: Само за еден месец, од мај до јуни, изгубивме 80 милиони евра од девизните резерви. Споредено пак, со почетокот на годината тие се помали за 224 милиони евра. Надолниот тренд започна уште во јануари и е се’ уште актуелен со ризик да продолжи и во втората половина на 2013. За Народната банка, ова сепак е адекватно ниво: „Одржувањето високо ниво девизни резерви како мерка на претпазливост, носи и високи трошоци, поради што одржувањето адекватно ниво на девизните резерви е од особено значење за Централната банка. Согласно најновите проекции, во 2013 и 2014 година се очекува задржување на девизните резерви околу адекватното ниво. Проекциите го вклучуваат проектираното ниво на дефицит на тековната сметка (за 2013 година од околу 4%, и за 2014 година од околу 6% од БДП), очекувањата за зголемување на увозот заради новите инвестициски текови, заживувањето на личната потрошувачка, како и очекувањата за приливи на капитал, главно врз основа на странски директни инвестиции и задолжување на државата“, е ставот на Народна банка. Но, главниот од неколкуте индикатори за оценка на состојбата со девизните резерви не се објавува од почетокот на годината па досега. Тоа е коефициентот на покриеност на увозот со девизните резерви. Економската пракса покажала дека доколку овој коефициент се спушти под 3, тогаш е крајно време за реакција. Последните податоци објавени на Народна банка се за минатата година кога коефициентот на покриеност на увозот со девизните резерви беше 4,6. Податоците за првиот и вториот квартал од оваа година, период во кој резервите континуирано опаѓаа, ги нема во извештаите на НБМ. На кое ниво е сега овој клучен индикатор за состојбата на девизните резерви-покриеноста на увозот, одговор не доби ниту Фактор, со образложение дека коефициентот ќе биде јавно објавен на крајот на месецов. Според екс гувернерот Петар Гошев, намалувањето на девизните резерви можеби сега не е алармантно, но може да биде доколку продолжи слободниот пад. „Сегашното ниво е во рамки на она што е функција на девизните резерви- да овозможи плаќања во странство и одржување на девизниот курс. Но, доколку се спушти под 3-4 месечно покривање на очекуваниот увоз за наредната година, тоа е сигнал за Народна банка да ја затегне монетарната политика“, вели Гошев. Освен месечната покриеност на увозот како најексплицитен индикатор, за оценување на адекватноста на резервите се земаат превид и покриеноста на краткорочниот долг и на паричната маса. Потребата од претпазливоста е уште поголема во усвови на намалено кредитирање, зголемен инфлаторен притисок и краткорочен надворешен долг. Токму девизните резерви се инструмент за превенцијата и справувањето со кризи, особено за мали и отворени економии со фиксен девизен курс, како што е македонската. Тие се првиот одбранбен механизам од надворешен шок, освен ако не не’ изненади како ланскиот снег! С.Х.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката