05 Декември, 2025
0.0500

Дeвизните резерви во злато се топат!

Објавено во: Финансии 10 Јуни, 2013 07:47

Добивај вести на Viber

Девизните резерви во мај се спуштија на ниво од 2 милијарди и 117 милиони евра. Ова салдо на вкупните девизни резерви е најниско во последните седум месеци или, пониско ниво од 2 милијарди и 103 милиони евра е измерено со крајот на септември, 2012 та година. Во споредба со состојбата од крајот на 2012 та година, вкупните девизни резерви во мај се намалени за 75,4 милиони евра. Најновите податоци на Народната Банка покажуваат дека во мај продолжува трендот на намалување на вредноста на златото. Резервите на злато заклучно со мај изнесуваат 237,9 милиони евра. Во однос на почетокот од годината, вредноста е намалена за 32 милиони евра. Еве како се движеше вредноста на златните резерви од почетокот на годинава : Јануари               270,0 милиони евра Февруари            265,2 милиони евра Март                    272,9 милиони евра Април                  245,2 милиони евра Мај                       237,9 милиони евра Кризата во Европа ги промени и плановите за чување на златото. Од почетокот на 2012 та година најголем дел од монетарното злато било депонирано во Банката на Англија. Но, во вториот квартал од лани паѓа нова одлука – за да се зголеми ефикасноста со управување на златните резерви и за да се остварат поголеми приходи, поради тогашниот раст на цената на златото, НБРМ одлучува дел од златото да инвестира како краткорочни депозити кај странски комерцијални банки. Рокот на чување, односно пласман изнесувал најмногу една година. Од почетокот на годината регистрирано е и намалување на девизните резерви во валути и депозити. Во мај вредноста изнесува 144,2 милиони евра и во однос на почетокот од годинава кај овој дел од државните резерви е забележано намалување за скоро 274 милиони евра. Неодамна “Фактор“ објави дека Народната Банка полека но сигурно се врти и кон инвестирање во други валути. За да ја намали изложеноста кон кредитен ризик, во оваа 2013 та година НБРМ планира 1,25% од девизните резерви да ги пренасочи во нови валути. “Се предвидува дека започнатиот процес на валутна диверзификација на девизните резерви во нови валути коишто ќе овозможат балансирање на изложеноста кон кредитен ризик од една страна и одржувањето на нивото на куповна моќ на девизните резерви на долг рок, од друга страна, ќе продолжи и во наредната година. За таа цел, за 2013 година е предвидено дополнителни 1,25% од девизните резерви да се пренасочат во финансиски инструменти деноминирани во нови валути, коишто се карактеризираат со повисоки стапки на поврат, но и висока ликвидност и сигурност на инвестициите“ – пишуваше во еден од последните  Извештаи за работата на Народната Банка. Со овој потег, според НБРМ, треба да се намали изложеноста кон кредитниот ризик. Со почетокот на 2012 та година, НБРМ инвестираше во нови четири валути : австралиски и канадски долар како и во норвешка и шведска круна. За разлика од бројките кои укажуваат на намалување на вредноста на златото и на резервите во валути и депозити, во мај е забележан тренд на пораст на вложувањата во хартии од вредност. Така, НБРМ, преку хартии од вредност чувала 1 милијарда и 733  милион евра, што во однос на јануари претставува раст од 159 милиони евра. А.Д.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката