Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП
Објавено во: Економија 16 Декември, 2025 08:16
Македонците во странство минатата година испратиле во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП. Иако бележиме суфицит, личните дотации од странство кон Македонија во апсолутни бројки бележат пад во последните години од 319 милиони евра во 2023 и 331 милион евра во 2022 година.
Од земјите во регионот во апсолутни бројки најмногу дотации лани има дијаспората на Србија, која испратила 4.47 милијарди евра, потоа следи на Босна и Херцеговина со 1.99, Косово со 1.32, евра, Албанија со 1.28 милијарди и Црна Гора со 345 милиони евра.
Во 2024 година, суфицит во личните трансфери имаат девет земји од ЕУ, меѓу кои Хрватска (2,6% од БДП), Бугарија (1,3%) и Португалија (1,2%). Спротивно на тоа, Малта (-2,8%), Кипар (-0,9%), Белгија (-0,6%), Грција, Шпанија и Франција (секоја од -0,5%) покажаа најголеми дефицити на лични трансфери како дел од нивниот БДП, покажуваат податоците на Евростат.

Личните трансфери на пари испратени од жители на ЕУ кон лица кои не се жители на ЕУ, минатата година изнесуваат 52,1 милијарди евра, што е зголемување од 6% во споредба со 2023 година (49,2 милијарди евра), додека приливот на лични трансфери кон домаќинствата жители на ЕУ изнесува вкупно 14,8 милијарди евра, што е зголемување од 7% во споредба со 2023 година.
Во последните пет години е забележан значителен раст на одливот на лични трансфери. Одливот е зголемен за 51%, додека приливот расне поскромно, зголемувајќи се за 26%. Како резултат на тоа, има проширување на негативното салдо за ЕУ во однос на земјите кои не се членки на ЕУ, достигнувајќи 37,3 милијарди евра во 2024 година.
Можеби ќе ве интересира
Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи
Неофицијално: Се предлага зголемување на цената на струјата за 6 отсто
ТИТАН Усје: Во 2026 година продолжуваме со инвестиции во дигитализација и декарбонизација и очекуваме раст на продажбата
Најдобрите пензиски системи во светот – што покажува индексот и каде е Македонија
Комплетиран новиот Управен одбор на НЛБ Банка Скопје Значајна пресвртница на патот кон стабилност и стратешки раст
Екстра непотрошени 15 милиони евра од буџетот одат за „Бехтел и Енка“
СЕ УСЛОЖНУВА ПОСТАПКАТА ЗА КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ ОД ЕУ: Без овој документ не се надевајте да се подновите со ново возило
Германија е во шок, ова никогаш не се случило: Фолксваген ја затвора својата домашна фабрика за прв пат по 88 години
Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци




