ДИК ГИ СООПШТИ ПРВИЧНИТЕ ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ: Tечат роковите за евентуални приговори
Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2025 17:55
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево ги соопшти првичните официјални резултати од вториот круг на локалните избори што се одржа вчера.
Претседателот на ДИК, Борис Кондарко изјави дека гласањето се спроведело во 32 општини и во градот Скопје, со вкупно 1.013.357 избирачи. Бројот на избирачки места изнесувал 1.777, а гласале 424.923 лица, што претставува излезност од 41,93 отсто. Од нив, 404.464 гласачки ливчиња биле важечки, а 23.930 неважечки.
Во Скопје, во десетте општини гласале 474.304 избирачи, а на територијата на градот 167.575. Од нив, 157.047 гласачки ливчиња биле важечки, а 10.528 неважечки.
За кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓорѓиевски, гласале 95.572 лица или 57,03 отсто, додека за кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, гласале 61.475 или 36,69 отсто од гласачите.
Кондарко објасни дека од денеска од 16:30 часот течат роковите за евентуални приговори на првичните официјални резултати. Приговорите може да се поднесат директно до ДИК во рок од 48 часа, а електронско поднесување не е дозволено.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




