ДИК ќе стави крај на изборната драма во 19 часот, сите сценарија во игра
Објавено во: Македонија 12 Декември, 2016 16:39
Невообичаено за ДИК, но и за сите досегашни изборни циклуси, македонската јавност и натаму е во неизвесна состојба, бидејќи не се знае конечниот исход од изборите. Едно е јасно, ВМРО-ДПМНЕ води со над 16.000 гласови во вкупното конто, но тоа е на целата територија на Република Македонија и не е јасно дали може да се ефектуира во пратеник повеќе во однос на СДСМ.
Конечните резултати и симулацијата на освени пратенички мандати се очекува Државната изборна комисија да ги објави најдоцна до 19 часот. Портпаролката на ДИК Љупка Гугутчевска вели дека во моментов се врши примопредавање на материјали и оригинални записници од општинските изборни комисии на ДИК по што треба да ги верификува.
Според досегашните објавени резултати, бројчаникот на ДИК застана на 99,7 проценти од 3.514 од вкупно 3.524 избирачки места.
Според нивните податоци ВМРО ДПМНЕ е во предност со освоени 452.709 гласови а СДСМ има 436.469 гласа . ДУИ освои 86.812 гласа, Движењето БЕСА 57.927, Алијанса за Албанците 35.091 гласови и ДПА 31.017 освоени гласови. ВМРО за Македонија има 24.449 гласови, Левица 12.119, Коалицијата за промени и правда - трет блок 10.083, ЛП 3.840, а ПДП 1.142 гласа.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




