ДИК одобри 2,3 милиони евра за локалните избори, на ред се општините!
Објавено во: Финансии 15 Јануари, 2013 18:45
Денеска беше усвоен финансискиот план за локалните избори од страна на Државната изборна комисија. Со него се предвидуваат 138 милиони 540 илјади денари (околу 2,3 милиони евра)за локалните избори, а според законот дополнителни средства ќе треба да дадат и општините.
Според претседателот на ДИК, Борис Кондарко одобрените пари се предвидени за локалните избори, но согласно членот 88 став 4 од Изборниот законик бидејќи се работи за локални избори останатиот дел од трошоците за спроведување на изборниот процес ќе паднат на грбот на општините.
Како што појасни координаторот Субхи Јакупи, од овие пари, околу 46 милиони и 500 илјади денари ќе бидат искористени за изработка и печатење на гласачки ливчиња, а околу 20 % од вкупните расходи се предвидени за изборен материјал односно печати, перничиња, ув спреј, ув ламби и слично.
За првпат ДИК издвои средства и за печатење на Избирачкиот список за јавен увид во 36 подрачни единици на Комисијата и изводи за гласање за прв и втор круг и евентуално прегласување, и посебни изводи за лицата кои гласаат ден пред изборите, иако досега печатењето го правеше Државниот завод за статистика.Покрај останатото средства се издвоени и за едукација и за прирачници за сите членови и заменици на избрните комисии.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката
ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“





