ДИЛЕМА ЗА ЕКСПЕРТИТЕ: Коронавирусот откриен во сладолед во Кина
Објавено во: Свет, Корона Вирус 18 Јануари, 2021
Во земјата каде избувна пандемијата на коронавирусот се случи нешто необично.
Коронавирусот во Кина е пронајден во еден вид сладолед, поради што целата серија е повлечена од продажба, соопшти тамошната влада. Компанијата Дакијаодао Фуд во градот Тијанџин беше затворена, а вработените се тестирани. Засега нема индикации дека некој се заразил со вирусот од сладоледот, бидејќи, како што пренесува Гардијан, повеќето од 29.000 пакети од таа серија допрва требало да се пласираат на пазарот. Властите успеаја да влезат во трага на 390-те сладоледи продадени во Тијанџин. Сладоледот е направен од млеко во прав од Нов Зеланд и прав од сурутка од Украина. Кинеската влада сугерира дека вирусот е увезен преку состојки, иако експертите се сомневаат во тоа.
Претходно, во Кина, вирусот беше откриен во замрзнато место кое беше увезено од странство. Тимови на Светстката здравствена организација ќе утврдуваат како се појави и прошири вирусот во кинескиот град Вухан.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.