05 Декември, 2025
0.1735

Димитриеска Кочоска најавува одземање на лиценца за приредување игри на среќа на две друштва, еве што кажа за штетите врз буџетот

Објавено во: Финансии 22 Јули, 2024 15:10

Добивај вести на Viber

Сето тоа што досега е потпишано и е во сила е предвидено во рамки на ребалансот на Буџетот. Што не е потпишано не е предвидено во овој момент во ребалансот, но затоа се прават дополнителни анализи врз основа на коишто ќе видиме како ќе биде од 2025 година, порача денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. 

- Овој ребаланс на буџет беше за да ги затвориме сите отворени проблеми коишто можат да направат дополнителни штети на Буџетот, рече Димитриеска Кочоска  во одговор на прашање на денешната прес конференција и додаде дека приоритет беше прво да се сервисираат старите обврски.

Овој ребаланс, потенцира, во суштина значи одобрување на средства коишто не биле предвидени во Буџетот, а коишто значат законска обврска врз основа на која доколку има тужби следат дополнителни трошоци, затезни камати итн. 

- Околу 30 милиони евра во 2023 година се исплатени само по основ на извршни решенија и ова годинава се очекува да биде многу повеќе. Сето тоа како резултат на тоа што претходните министри воопшто не воделе сметка за тоа  колкави штети прават по Буџетот од овие дополнителни законски камати и судски предмети коишто ги создавале. Најчесто се од повреди на Законот за работни односи каде што се префрлани вработени од едно на друго место, вработените си тужеле, си добиле на суд. Исто има и непочитување на колективните договори коишто биле потпишани и на тој основ исто така има многу тужби. Ние не можеме сега во овој момент, имајќи предвид дека имаме еден куп законски обврски за коишто постојат ризици дека дополнително ќе го оптоварат буџетот, да предвидуваме и нешто плус, посочи Димитриеска Кочоска.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска информираше дека е иницирана постапка за одземање на лиценца за приредување игри на среќа на две друштва заради неисполнување на условите од издадената лиценца за приредување игри на среќа

„Министерството за финансии ја иницираше постапката откако од УЈП како надзорен орган на приредувањето на игри на среќа го доби записникот од извршената надворешна контрола над работењето на овие друштва“, рече Кочоска.

Нагласи дека првичното барање од Министерството за финансии за добивање на записникот до УЈП е доставено уште во јули 2023 година по што се направени неколку ургенции, а конечно е постапено од страна на Управата дури во јуни 2024 година, откако доаѓа новото раководство.

Во одговор на новинарско прашање рече дека не може да се направи точна проценка за штетата врз Буџетот, но додаде дека станува збор за голем износ. Дополнително ќе треба да се утврди дали двете друштва се поврзани со поранешни функционери. Едното, како што кажа, не е од Скопје.

- Едното од друштвата е основано во 2022 година и од 2022 година до денес нема ниту еден денар платено каква било давачка кон буџетот и сето тоа е констатирано во записник од страна на УЈП. Дали има одредени оштетувања кон буџетот – има, затоа што има пред се давачки коишто согласно законот требало да ги плаќа, посочи Димитриеска Кочоска.

Фото: Принтскрин/Фејсбук/МИА

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката