28 Декември, 2024
0.0282

Димитров и Османи утре пред пратениците „на отчет“ за недобиениот датум

Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи утре пред пратениците треба да дадат еден вид отчет за недобивањето датум за преговори на земјава со Европската унија. 

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието, Артан Груби, за утре закажа тематска седница посветена на евроинтегративните процеси во нашата држава, по Самитот на ЕУ во октомври.

На седницата се очекува обраќања да имаат заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Поканети се сите пратеници во Собранието, претставници на дипломатскиот кор во земјата, како и претставници на владиниот и невладиниот сектор, академската заедница, медиумите и други.

Пратеникот и претседател на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, за Фактор вели дека вицепремиерот Османи и мнистерот Димитров треба пред пратениците да дадат вое видување,за исходот од октомврискиот Самит во Брисел, на кој за земјава не беше донесена одлука за почеток на пристапни преговори со Европската унија. 

„Целта е да видиме, по овој исход во Брисел, на кои стојалишта се вицепремиерот и министерот за надворешни работи. Потребно е тие да дадат свое видување на работите, но треба да се слушне и како пратениците во Собранието гледаат на сето ова“, објаснува Груби за Фактор. 

Тој вели дека идејата за оваа тематска седница за евроинтеграциите била негова.

Дали она што се случи во Брисел може да се смета како неуспех за земјава, Груби не се согласува со такво размислување.

„За опозицијата можеби е неуспех недобивањето датум. Но, за нас од власта, тоа не е неуспех на земјава, туку е неуспех на Европската унија. Не можеме да преземеме вина кога ја немаме. Бидејќи, дури и Франција призна дека се исполнети сите реформи, во смисла на донесени закони и исполнување на политички критериуми“, вели Груби. 

(Н.Н.Ф.)

Можеби ќе ве интересира

„НАЈДОБРИОТ ПОДАРОК ЗА НОВА ГОДИНА?“: Вреди по одземањето на пасошот на Мерко - ДУИ тоне! Прво падна Артан, следеше Прпарим, ќе следат други

„НАЈДОБРИОТ ПОДАРОК ЗА НОВА ГОДИНА?“: Вреди по одземањето на пасошот на Мерко - ДУИ тоне! Прво падна Артан, следеше Прпарим, ќе следат други

ПОСТАР ЖИТЕЛ НА ДЕМИР КАПИЈА ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА - ја канел во ресторан, го одбила, но тој рекол пак ќе ја бара

ПОСТАР ЖИТЕЛ НА ДЕМИР КАПИЈА ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА - ја канел во ресторан, го одбила, но тој рекол пак ќе ја бара

ПРЕМИЕРОТ ЈА ОСВОЈУВА ПЛАНИНАТА ПЕТЛЕЦ - во чест на нашиот ревулуционер Груев, еве дел од атмосферата

ПРЕМИЕРОТ ЈА ОСВОЈУВА ПЛАНИНАТА ПЕТЛЕЦ - во чест на нашиот ревулуционер Груев, еве дел од атмосферата

РАМИЗ МЕРКО БЕЗ ПАСОШ?! - ОБВИНИТЕЛСТВО БАРА ОДЗЕМАЊЕ И ЗАБРАНА ЗА ИЗЛЕЗ ОД ДРЖАВАТА: му се суди во осум постапки

РАМИЗ МЕРКО БЕЗ ПАСОШ?! - ОБВИНИТЕЛСТВО БАРА ОДЗЕМАЊЕ И ЗАБРАНА ЗА ИЗЛЕЗ ОД ДРЖАВАТА: му се суди во осум постапки

„СО НОЖЕВИ И МОТОРНИ ПИЛИ НАПАДНАТИ И ПОВРЕДЕНИ КОЛЕГИ ОД ШУМСКАТА ПОЛИЦИЈА“ - Михаилов вели 'заврши времето на мафијата'

„СО НОЖЕВИ И МОТОРНИ ПИЛИ НАПАДНАТИ И ПОВРЕДЕНИ КОЛЕГИ ОД ШУМСКАТА ПОЛИЦИЈА“ - Михаилов вели 'заврши времето на мафијата'

ВО МАКЕДОНИЈА ДЕНЕСКА СТУДЕНО, МАГЛИВО И СОНЧЕВО - температурите под нулата утрово, највисоките ќе се искачат до 10 степени

ВО МАКЕДОНИЈА ДЕНЕСКА СТУДЕНО, МАГЛИВО И СОНЧЕВО - температурите под нулата утрово, највисоките ќе се искачат до 10 степени

„ПЕТ ИЛЈАДИ НАСТАВНИЦИ СЕ ВИШОК“: министерката уверува ќе се бараат начини за нивна искористеност

„ПЕТ ИЛЈАДИ НАСТАВНИЦИ СЕ ВИШОК“: министерката уверува ќе се бараат начини за нивна искористеност

ЕВЕ КАКО Е НА МАВРОВО ПО ВРНЕЖИТЕ - идилично, сонце и многу снег (ВИДЕО)

ЕВЕ КАКО Е НА МАВРОВО ПО ВРНЕЖИТЕ - идилично, сонце и многу снег (ВИДЕО)

„УШТЕ ЕДЕН ГЛУПАК КОЈ НЕМА ПОЈМА ШТО ЗНАЧИ ЗАКОН, ДЕМОКРАТИЈА, ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО“: Најчевска со остри критики за најавените реформи

„УШТЕ ЕДЕН ГЛУПАК КОЈ НЕМА ПОЈМА ШТО ЗНАЧИ ЗАКОН, ДЕМОКРАТИЈА, ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО“: Најчевска со остри критики за најавените реформи