Димитров за Дачиќ: Ќе има „пецкање“ или навистина ќе бидеме како браќа
Објавено во: Македонија 17 Април, 2018 08:38
Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров не даде директен одговор на провокацијата на неговиот српски колега Ивица Дачиќ кој често упатува жестоки кон Македонија и неодамна изјави дека Србија направила голема грешка што не признала како држава бидејќи со тоа не добила ништо. Првиот македонски дипломат во интервју за српската телевизија Н1 со многу смирен тон даде позитивни изјави за односите меѓу Македонија и Србија.
– Мислам дека таквите изјави не помагаат особено. Ние сме министри на две земји, ги претставуваме двата народа, блиски народи. Имаме заедничка историја во Југославија, ќе бидеме заедно, се надевам во не толку далечна иднина во Европската унија и на некој начин нашата блискост не може ништо да ја расипе. Но, од нас зависи дали ќе има „пецкање“ и повремено „боцкање“ или ќе бидеме како браќа, рече Димитров.
Одговарајќи на прашањето за Косово, Димитров кажа дека Македонија во спорот меѓу Белград и Приштина не може да биде голем играч, ниту пак премногу да влијае на самите процеси.
– Ја делиме границата и во интерес ни е овој проблем да се реши на најдобар можен начин и за двете страни во разговорите во кои посредуваат Брисел и Федерика Могерини. Ние имаме доволно свои проблеми и не би сакал да бидеме колатерална штета на оваа динамика, рече Димитров за Н1.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




