ДИМИТРОВ ЗА ИЗЈАВИТЕ ОД БАН: Македонскиот јазик е признат од меѓународната заедница на лингвисти
Објавено во: Македонија 12 Декември, 2019
По изнесените ставови од Бугарската академија на науките дека македонскиот јазик не постои, и според нив тој е дијалект на бугарскиот јазик, се огласи министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Наведува дека во 21-от век, во Европа, правото на самоопределување и само-изјаснување е неспорно.
„Односите меѓу две држави, за да бидат пријателски и блиски, претпоставуваат почитување на тоа право и на достоинството на другиот. Македонскиот јазик е еден од јужнословенските јазици. Стандардниот македонски јазик е официјално кодифициран во мај 1945 година, врз основа на централните говорни форми во тогашна Македонија. Беше еден од трите официјални јазици и во поранешна Југославија, а присутен е во ОН уште од 70-те години на минатиот век. Македонскиот јазик има свој историски развој и е признат од меѓународната заедница на лингвисти. Историскиот процес што го почнавме со соседна Бугарија, за да води кон вистинско зближување и пријателство, за да руши стравови и предрасуди, претпоставува взаемно прифаќање. Прифаќање на периодот на заедничка и испреплетена историја што ги поврзува бугарскиот и македонскиот народ, но и на сегашноста – македонски народ што говори македонски јазик. За овој процес да успее, на двете страни им треба мудрост и деликатност, големина во разбирањето и почитувањето на грижите и достоинството на другиот. Лесно е да се растури, тешко е да се гради“, пишува Димитров на Фејсбук.
Раководството на Бугарската академија на науките (БАН) не се согласува со Македонската академија на науките и уметностите, одобрена од Македонската академија на науките и уметностите, објави прес-центарот БАН.
Оттаму информираат дека на 3 декември 2019 година Собранието на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) усвоил „Повелба за македонскиот јазик“. Тој ги елаборира историските и лингвистичките аргументи во одбрана на официјалниот литературен јазик на Република Северна Македонија, како посебен независен јазик со континуитет и генеалогија, дефиниран во Скопје како „македонски“, според БАН, пренесуваат бугарските медиуми.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.