Димовски не доби поддршка за уставен судија од Комисијата за прашања на изборите и именувањата
Објавено во: Македонија 09 Септември, 2022
Воислав Димовски не доби поддршка за уставен судија од Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Комисијата за прашања на изборите и именувањата попладнево не го утврди предлогот Воислав Димовски да биде избран за судија на Уставниот суд.
Димовски, доскорешен јавен обвините од Основното јавно обвинителство во Охрид, за уставен судија беше предложен од опозицијата.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков забележа дека се врши крајна партизација на судството и дека изборот на судии не се врши во Собрание. Вели дека во салата не се присутни членовите на Комисијата од мнозинството за да дискутираат кој ги исполнува критериумите за истакнат правник, а кој не.