Димовски: Власта не ми припаѓа на мене, на Заев или на Џафери, туку на граѓаните
Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2018 15:05
Република Северна Македонија е трајно име со кое и ние ќе се обраќаме сами на себе, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на вториот ден од собраниската расправа по Предлогот за пристапување кон уставните измени.
Тој вели дека пратениците немаат легитимитет да го менуваат името.
„Не е прв пат Влада да забега, тоа во Македонија се случува како по традиција“– рече тој.
Легитимитет, рече, имаат само граѓаните затоа што на нив им припаѓа власта.
„Тезите дека пратениците имаат право да одлучуваат во име на граѓаните е симптом на отуѓување. Власта не ми припаѓа на мене, на мојата колешка, на Заев или на Џафери, туку на граѓаните. Тие на избори не избраа ниту еден пратеник кој вети дека ќе го промени името на државата во Уставот, граѓаните на референдум не гласаа за поддршка на промена на името“ - вели пратеникот.
Додава дека власта и суверенитетот им припаѓа на граѓаните, и додека не го научатѕ тоа ќе се повторуваат грешките од минатото.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




