19 Декември, 2025
0.0994

Diners Club со нова придобивка за поголема сигурност на своите членови

Објавено во: Мои пари 16 Декември, 2022 09:48

Добивај вести на Viber

„Повеќе од 25 години на нашето членство му нудиме поголема финансиска сигурност во секое време и на секое место. Преку новата услуга, DC Асистенција, одиме чекор подалеку и дополнително го унапредуваме корисничкото искуство на членовите преку поддршка и ефикасно решение на нивните секојдневни потреби дома и на пат.“ – вака Diners Club ја најави нивната најнова услуга DC Асистенција, која има за цел да го збогати и унапреди корисничкото искуство на членовите на Diners Club.

Со вклучувањето на DC Асистенција во своето богато портфолио на услуги, Diners Club во соработка со ORYX Assistance, на своите членови им овозможува пристап и користење на услугите „Помош на пат“ и „Помош дома“.

Услугата „Помош на пат“ нуди 24часовнатехничка помош на пат, без разлика дали се работи за дефект на возило, невнимателно ракување, надворешни влијанија или сообраќајна несреќа.

Дополнително, корисниците на Diners Club картичка кои ќе ја активираат услугата, можат да ја користат и мобилната апликација „Road Angel“ која препознава случај на сообраќајна несреќа и автоматски испраќа повик  за реакција до контакт-центарот на ORYX Assistance.

Услугата „Помош дома“ овозможува техничка помош во домот, до 3 пати во годината,која вклучува целосна организација на помош, сервис и покривање на трошоците на итна интервенција.

Сите членови може да ги активираат пакет-услугите преку мобилната апликација My Diners и да го искористат промотивниот период до 28.2.2022 година, со 50% попуст на услугата „Помош на пат“ и цела година бесплатно користење на услугата „Помош дома“.

Дознајте повеќе за сите придобивки и услуги кои Diners Club им ги нуди на своите членови на www.diners.mk и аплицирајте за Diners Club картичка на следниов линк: www.diners.mk/kampanja

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“