ДИРЕКТОРИТЕ ИМААТ ДА ВИ КАЖАТ НЕШТО - Комерцијална банка почна, ќе има и други менаџерски обраќања
Објавено во: Финансии 02 Април, 2024 12:08
Комерцијална банка прва повлече нога, а во иднина тоа ќе го прават и другите моќни компании во земјава, кои се котирани акционерски друштва.
Станува збор за обраќање на клучните менаџери во тие компании до инвеститорската јавност, и тоа во периодот кога се објавуваат годишните резултати на друштвата, со цел тие да бидат уште поинформирани за котираните компании, односно за нивните перформанси, резултати и планови за наредниот период.
Таквите намери вчера ги соопштија и од Македонската берза.
„Македонска Берза постојано вложува напори за зголемување на транспарентноста на пазарот на хартии од вредност, со цел поголема информираност на инвеститорите и пошироката јавност за работењето на котираните друштва, и при тоа ги следи и спроведува светските добри пракси што носат позитивни ефекти за визибилноста на котираните друштва и за ефикасно пазарно вреднување на нивните акции. Една од тие добри пракси е т.н. менаџерско обраќање, што вообичаено се врши при објавувањето на годишните резултати на друштвата, која за прв пат годинава започна да се имплементира и кај нас. Имено, Комерцијална банка АД Скопје е прво котирано друштво на Берзата кое преку Системот за електронски информации на котираните акционерски друштва на Берзата (СЕИ Нет) на 29.03. објави менаџерско обраќање во врска со ревидираните годишни извештаи на банката“, се вели во објавата од Македонската берза.
Веста со видеото со менаџерското обраќање на Комерцијална банка е достана на следниот линк: https://www.seinet.com.mk/?docID=67157
Берзата ги поттикнува сите котирани друштва при објавата на ревидираните финансиски извештаи за 2023 година преку СЕИ-Нет да објават менаџерско обраќање и преку синтетизирани податоци и видувања за своето работење презентирани од страна на топ менаџментот да придонесат за поголема информираност на инвеститорите и јавноста.
Можеби ќе ве интересира
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми




