15 Декември, 2025
0.1887

Директoрите на М-НАВ делат 230.000 евра додатoци, покрај високите плати

Објавено во: Економија 24 Ноември, 2025 08:50

Добивај вести на Viber

Раководителите на „Македонски навигации“, акциoнерско друштво во државна сопственост за контрола на авиолетови, годишно делат по 230.000 евра дополнително, покрај основната плата, како надоместок за клучен раководен кадар.

Ова го потврдува независниот ревизорски извештај за работењето на М-НАВ во 2024, објавен на „Македонска берза“. Вкупната поделена сума од 14.107.000 денари е речиси иста ако се спореди со претходната година.

Во М-НАВ „надоместок за клучен раководен кадар“ најчесто се реализира преку менаџерски договор. Тој договор дава флексибилност за договарање на повисоки надоместоци, бонуси и услови, бидејќи раководителите имаат поголема правна автономија поради нивната позиција и одговорности. „Надомест за клучен раководен кадар“ најчесто се користи во компании и институции за да се додели додаток на плата кој го добиваат највисоките менаџерски позиции. Тој надомест е над основната плата

Инаку просечната месечна нето плата во „Македонски навигации“, чие финансирање се обезбедува главно од наплата на прелети, достигна речиси 3.000 евра во текот на минатата година, покажува новообјавената завршна сметка и извештајот за работењето во 2024. За 309 вработени биле исплатени 10,3 милиони евра за нето плати, односно за повеќе од 1,1 милиони евра во однос на претходната година . Просечната нето плата била 170 илјади денари, или 2.780 евра.

Од „контролата на летање“ во извештајот напоменуваат дека зголемувањето на платите се должи на нов колективен договор кој во меѓувреме имал и анекс. Покрај тоа, платите се зголемиле со враќање на делот од платите кој бил „замрзнат“ во корона кризата. Ова зголемување се должело и на подобрувањето на воздушниот сообраќај во 2024 година

М-НАВ е најпосакуваната државна компанија на ранг листата за вработување во однос на сите државни акционерски друштва и јавни претпријатија. Се работи за услужна компанија со уникатна дејност – го контролира движењето на авионите и други воздухоплови на македонското небо. Тука влегуваат прелетите, полетувањата и слетувањата на пистите на нашите аеродроми. За таа услуга во најголема мерка наплатува од „Еуроконтрол“ суверено тело кое го менаџира европското небо.

Бруто платите и другите трошоци за вработените се убедливо најголемиот расход за „М-Нав“, кој годинава, според финансиските проекции, планира да собере 23,33 милиони евра, главно од наплата на прелети, но и од приходи по основ на терминални услуги и приходи од останати услуги како по основ на давање на радарска слика и комуникациски услуги на Hungarocontrol.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден