19 Декември, 2025
0.0394

Директорите на „Стоби“ ќе ги послужуваат посетителите на „Веро вино-фест“

Објавено во: Мои пари 05 Мај, 2015 15:17

Добивај вести на Viber

Директорите на винаријата „Стоби“ ќе ги послужуваат посетителите на нивниот штанд на „Веро вино-фест“ кој почнува утре (среда, 6 мај) и ќе трае до 10 мај на паркингот кај трговскиот центар „Веро Џамбо“ во Скопје. Дел од тимот ќе бидат: Никола Деребанов, генерален директор на компанијата „Перминдекс“ под чија капа е и „Стоби“; маркетинг директорката Јадранка Накова; комерцијалните директори Илија Лазовски и Јадранка Клариќ Кимовска и вработените во секторот комерција.

Идејата е посетителите во релаксирана атмосфера да се запознаат со луѓето кои ја водат винаријата. Притоа ќе може да добијат информации од прва рака за секое вино на палетата на „Стоби“, да дознаат со каква храна е најдобро да ги комбинираат и секако да се дружат.

stobi vino 1

Дел од понудата на штандот ќе биде и виното „Жилавка“ кое американскиот весник „Волстрит журнал“ на крајот на април го рангираше меѓу топ пет пролетни вина во светот. Ќе може да се дегустира и „Вранец“ од бербата од 2012 година кој во март беше препорачан од реномираниот „Вашингтон пост“ и ја доби оценката – „одличен“.

„Стоби“ имаше штанд и на ланскиот „Веро вино-фест“ каде за четири дена биле продадени околу 4000 шишиња, во просек по 1000 дневно, од висококвалитетното македонско вино на винаријата распределено во четири категории - премиум, елит, класик и традиционални.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка