Директорите на студентските домови се побунија против Владата
Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2018 12:57
Директорите на ученичките и студентски домови во Македонија преку своето здружение побараа од Владата да им сплаќа повеќе дотации по глава на ученик, односно студент.
Побарале од министерот за образование и наука Арбер Адеми и заменик министерот Петар Атанасов приоритет да биде можноста за корекција на партиципациите што ги уплаќа државата.
- За 16 години партиципацијата од Министерството за образование и наука претрпе само една измена со зголемување за 10 отсто. Оваа сума ни одблиску не ги покрива трошоците околу сместувањето на учениците и студентите, режиските трошоци и исхраната за учениците и студентите, особено по одлуката на Влада за задолжително средно образование со што се отежна буџетот на студентските и средношколските домови. Станува збор за 26 домови, 18 ученички и осум студентски домови, се наведува во соопштението.
На тој начин, би се подобриле условите за живеење и учење на младите кои доаѓаат од внатрешноста.
На средбата присуствуваа и претставници од кабинетите на премиерот на РМ, Министерството за финансии и Министерството за информатичко општество.
Можеби ќе ве интересира
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица




