Директорката на Инфективна клиника, д-р. Стевановиќ: Ќе прогласиме ден Д-Нова Година кога ќе го пребродиме ова, не мора прослава на 31.декември
Објавено во: Македонија 12 Декември, 2020 13:51
Директорката на
Клиниката за инфективни болести, д-р. Милена Стевановиќ вели дека во овој
момент воопшто не ни се потребни ризици од типот на прослави на Нова Година,
слави, божикни празници. Вели дека секојдневно се соочуваат со исклучително
тешка борба за спасување животи на болните од корона вирусот, така што најмалку
е потребно да има дополнително зголемување на бројот на новозаразени пациенти.
- Обично младите инсистираат да слават, да се собираат на забави, па еве сега и прослава на Нова година. Но, каде се тука родителите. За нив ризикот од заболувањето е многу поголем. Ова е навистина критичен и тежок период, треба да ги стават во ред нивните деца, а тие пак треба да имаат совест и да послушаат. На Клиниката за инфективни болести во секое време имаме пациенти во тешка состојба, болничките кревети се максимално пополнети. Така што јас велам, ќе прогласиме ден Д-Нова Година кога ќе го пребродиме ова. Не мора прославата да се организира на 31.декември, вели д-р. Стевановиќ за Фактор.
Инаку, како што претходно пишуваше Фактор, веќе се бараат станови и викендички за прослава на најлудата ноќ, но тоа граѓаните го прават повеќе преку социјалните мрежи. Побарувачката преку агенциите за недвижности е драстично намалена за разлика од изминатите години.
Истовремено, Комисијата за заразни болести од понеделни ќе разгледува препорачување на евентуално нови мерки кои ќе се однесуваат на работното време на угостителските објекти за време на празничните денови.
А.Б.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




