19 Декември, 2025
0.0590

Директорот на Агенцијата за eнергетика на РМ избран за Претседател на Групата екперти за енергетска ефикасност при ОН

Објавено во: Мои пари 26 Октомври, 2016 12:48

Добивај вести на Viber

На седмиот Меѓународен форум за енергетика за одржлив развој, коj од 18-ти до 21-ви октомври се одржа во Баку, Азербејџан, директорот на Агенцијата за енергетика на Република Македонија Александар Дуковски беше  избран за  Претседател на Групата на експерти на UNECE (Економска Комисија на Обединетите нации за Европа) за енергетска ефикасност и со неа ќе заседава следните две години во рамките на средбите и меѓународните форуми кои се одржуваат под покровителство на Обединетите Нации.

„Во следните две години не очекува активен период каде ќе треба да се фокусираме на намалување на енергетскиот интензитет во земјите од регионот, зголемување на енергетската ефикасност во индустријата и да ги дефинираме градежните стандарди кои ќе овозможат оптимално искористување на енергетските извори. Земјите од УНЕЦЕ регионот се различни по своите социо-економски и климатски услови, тоа е предизвик кој треба да ни дава мотив да изнајдеме соодветни енергетски политики кои ќе го поддржат одржливиот развој на секоја земја од регионот“, истакна Дуковски на неговото обраќање пред групата на експерти на UNECE веднаш по неговиот избор за Претседател. 

На Форумот  организиран од страна на Владата на Азербејџан и Обединетите нации, присуствуваа над 300 меѓународни енергетски експерти, владини претставници, како и претставници од бизнис заедницата, финансискиот сектор, академските институции и граѓанското општество кои ги споделуваа своите перспективи за тоа какодоговорот од Париз за климатските промени и целите за одржлив развој можат да се спроведат. Во рамките на Форумот беа одржани и годишните седници на група на УНЕЦЕ на експерти за обновлива енергија и група на експерти за енергетска ефикасност, каде што директорот на Агенцијата за Енергетика Александар Дуковски беше избран за Претседател.

Целта на Седмиот Меѓународен форум за енергетика за одржлив развој е да се истражат насоките како да се постигнат националните обврски, како што се Национално Утврдените придонеси (INDC) за поддршка на остварување на целите за ублажување на климатските промени и нивно прилагодување според Договорот од Париз, вклучувајќи и инвестиции во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност како начин за намалување на јаглеродниот интензитет од енергетскиот сектор.


Можеби ќе ве интересира

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА